Википедија:Претпоставете добронамерност: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
+секција „Добронамерност и авторски права“
+секција „Демонстирајте добронамерност“
Ред 25:
===Добронамерност и авторски права===
Кога ќе се справувате со можни прекршувања на авторски права, добронамерност значи претпоставување дека уредувачите ''сакаат'' да се во согласност со принципите на проектот и законот. Ова е разчично од претпоставката дека навистина постапиле согласно со било кое од двете. Уредувачите имаат обврска да ги документираат подигнувањата на слики и слично и материјал може да биде избришан ако документацијата е неточна или несоодветна. Добронамерна поправна постапка вклучува и информирање на корисниците за проблемите и нивно помагање да ги подобрат своите вештини и постапки.
 
==Демонстирајте добронамерност==
Покрај тоа што ќе претпоставувате добри намери, охрабрувајте ги останатите да претпоставуваат добри намери преку демонстрација на Вашата сопствена добронамерност. Можете ова да го направите преку артикулирање на Вашите чесни мотиви и преку правење уредувања кои ја покажуваат Вашата волја за компромисност, интерес во подобрувањето на Википедија, послушност кон принципите и напатствијата, верба во прецизноста на Вашите уредувања, одбегнување од искористување на системот и друго добронамерно однесување. Покажувањето на добронамерност не е строго барање, но навистина помага кон глатки и успешни интеракции со уредувачите.
 
==Видете исто така==