Википедија:Претпоставете добронамерност: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
с упс... поправка
+секција „Добронамерност и авторски права“
Ред 22:
 
Однесувањето на новодојденецот можеби изгледа како соодветно за него/неа и проблем во таа смисла обично означува несвесност или неразбирање на вики-културата. Не е ретко за еден нов корисник да мисли дека некој непознат принцип треба да биде променет за да соодветува на неговиот начин на разбирање на работите и како тие треба да функционираат, особено ако забележи дека веќе постои некое несогласување за принципот во прашање. Слично, многу новодојденци сакаат нивните придонеси на статиите да бидат прифатени без прашања, особено за статии врз кои имаат пошироко знаење. Однесувањата кои произлегуваат од овие гледишта обично не се штетни и многу нови корисници на кои им фали интуитивниот зафат кон обичаите на Википедија постепно ќе се просветлат откако логиката зад нив ќе им стане појасна.
 
===Добронамерност и авторски права===
Кога ќе се справувате со можни прекршувања на авторски права, добронамерност значи претпоставување дека уредувачите ''сакаат'' да се во согласност со принципите на проектот и законот. Ова е разчично од претпоставката дека навистина постапиле согласно со било кое од двете. Уредувачите имаат обврска да ги документираат подигнувањата на слики и слично и материјал може да биде избришан ако документацијата е неточна или несоодветна. Добронамерна поправна постапка вклучува и информирање на корисниците за проблемите и нивно помагање да ги подобрат своите вештини и постапки.
 
==Видете исто така==