Википедија:Претпоставете добронамерност: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
почеток на ова напатствие
 
+секција „За добрите намери“
Ред 9:
 
Кога ќе забележите дека останатите фрлаат сомнеж врз нивните сопствени добри намери, Вие продолжете да претпоставувате добронамерност од нив онаму каде што можете. Бидете [[Википедија:Учтивост|учтив]] и подобро следете го [[Википедија:Разрешување на спорови|процесот за разрешување на спорови]] отколку да [[Википедија:Без лични напади|напаѓате]] уредувачи и да почнувате уредувачки војни со нив.
 
==За добрите намери==
Секој прави грешки, и во однесувањето (како, на пример, [[Википедија:Без лични напади|лични напади]]), и во содржината (на пример, додавање [[Википедија:Без оригинални истражувања|оригинално истражување]]) и ние можеме да ги поправаме преку потсетувања одвреме-навреме. Сепак, ќе има несогласувања на Википедија за кои ќе нема принцип или напатствие кое ќе нуди одговор. Кога ќе дојде до несогласување, можно е тој со кого сме во расправија да нема зли намери. Останете со ладна глава кога уредувањето ќе се вжешти и обидете се да го решите недоразбирањето.
 
Ова напатствие не бара уредувачите да продолжат да претпоставуваат добронамерност во присуство на докази кои го тврдат спротивното. Претпоставувањето на добронамерност не забранува дискусија и критики, но уредувачите не треба да ги обележуваат постапките кои се критикуваат како зли освен ако нема специфични докази за зли намери.
 
Прекршувањето на некои принципи, како што е вклучувањето во [[ВП:МАРИОНЕТА|марионетерство]], прекршување на [[ВП:КОН|консензус]] итн., може да биде направено или со добри или со зли намери. Постојат процеси за справување со ова, а и [[ВП:БЛОК|санкции]] за продолжено прекршување на принципите без разлика дали биле вклучени зли намери.
 
==Видете исто така==