Атентат врз Франц Фердинанд: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова стр.
 
дополна
Ред 1:
[[File:Sarajevo princip bruecke.jpg|thumb|250px|Латинскиот мост, познат и како Мост на Принцип близу до местото на атентатот.]]
[[File:Franz ferdinand.jpg|thumb|right|250px|Франц Фердинанд, надвојводата од Австрија.]]
[[File:Gavrilo princip memorial plaque 2009 edit1.jpg|thumb|right|Спомен-плоча на местото на атентатот]]
 
'''Атентатот на надвојводата Франц Фердинанд од Австрија''' кој довел до избувнувањето на [[Првата светска војна]] се случил на 28 јуни 1914 во [[Сараево]], во тогашна [[Австро-Унгарија]]. Надвојводата [[Франц Фердинанд]], кој бил и престолонаследник на австро-унгарскиот трон, патувал со својата сопруга Софи, војвотка од Хохенберг во отворен автомобил, и двајцата биле застрелани и убиени од [[Гаврило Принцип]], еден од групата од шест заговорници предводени од [[Данило Илиќ]].
 
Политичката цел на атентатот била да се принуди Австро-Унгарија да се повлече од јужно-словенските територии, за да се овозможи создавање на [[Голема Србија]] или [[Југославија]]. Атентаторот му припаѓал на движењето што подоцна станало познато како [[Млада Босна]] и кое се залагало за приклучување на Босна кон нова јужно-словенска држава - Југославија. Наредбодавец на овие млади заговорници бил шефот на српското разузнавање Драгутин Димитријевиќ - Апис. Неговите луѓе ги наоружале атентаторите со бомби и пиштоли, и им дале обука за ракување со оружјето и за атентатот.
 
Атентаторите и заговорниците кои биле уапсени, осудени и казнети во Сараево во октомври 1914, а останатите ги осудила Србија во 1916-1917 година, во привремен суд во Солун, тогаш под француска окупација. Она што се знае за атентатот главно доаѓа од овие судења. Иницијаторите и причините за атентатот се многу деликатно прашање, бидејќи овој настан довел до почетокот на [[Првата светска војна]], кога Австро-Унгарија, предизвикана од атентатот, ѝ објавила војна и ја нападнала Србија еден месец подоцна.
 
Австријската полиција брзо ги фатила заговорниците во атентатот, и тие биле осудени во октомври 1914 во Сараево:
 
 
::{| class="wikitable"
Ред 87:
| 15 години затвор (ослободен во 1919)
|-
|}
 
==Последици==
 
Австро-Унгарија била крајно револтирана од атентатот, а на своја страна го имала и меѓународното сочувство за смртта на престолонаследникот. Со цел еднаш засекогаш да расчисти со заканата која ја гледале во Србија, и за да ги осигури своите позиции на Балканот, на 23. јули 1914. ѝ испорачала на Србија ултиматум со барања меѓу кои:
# да ги укине сите публикации кои предизвикуваат омраза кон австриската монархија
# да ја укине Народна Одбрана и други здруженија кои делуваат против интересите на Австро-Унгарија
# да ги отстрани од училиштата книгите и учителите кои шират непријателска пропаганда
# да ги отстрани од војската и администрацијата сите службеници кои шират пропаганда против Австро-Унгарија, при што Австро-Унгарија го задржува правото да ги посочи таквите лица
# да прифати соработка со австриските органи на прогон за сузбивање на субверзивните движења насочени против Австро-Унгарија
# да започне судска истрага против организаторите на атентатот кои се на српска територија , заедно со органи делегирани од Австро-Унгарија
# да ги уапси Војислав Танкосиќ и Милан Цигановиќ, членови на српското разузнавање кои учествувале во подготовката на атентатот
# да го спречи преносот на оружје и експлозиви преку границата и да ги распушти и казни српските граничари одговорни за сараевскиот атентат
# да обезбеди објаснение до Австро-Унгарија за изнесените непријателски изјави од високи претставници на српската власт во земјата и во странство
# да ја извести Австро-Унгарија за извршувањето на овие мерки до 5 часот на 25. јули 1914.
 
Србија не ги прифатила овие барања, туку побарала и добила поддршка од Русија и извршила мобилизација на војската. Истовремено, Австро-Унгарија го потврдила своето сојузништво со Германија и Унгарија, и на 28 јули 1914 ѝ објавила војна на Србија. Ова го означило почетокот на [[Првата светска војна]], во која набрзо се вклучиле и Франција, Русија, Германија и Велика Британија.
 
[[Категорија:Историја на Југославија]]