Призренска лига: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова статија.
(нема разлика)

Преработка од 01:02, 22 јули 2009

Призренската Лига била албанска политичка организација основана на 10-ти Јуни 1878 год. во Призрен, во Косовскиот вилает во Отоманската Империја. Чувствувајќи ја заслабената позиција на Османлиската Империја, Лигата започнала програма за реформирање на пет политички делови: одбрана на земјите населени со Албанци од интересите на Србија, Црна Гора и Грција; создавање едниствена провинција во Империјата која би се состоела од вилаетите Косово, Манастир, Јанина и Скадар; формирање воена служба на територијата на Албанија; создавање училишта за развој на националното образование; контрола на финансии. Видни фигури кои учествувале во работата на Лигата биле Сами Фрашери, Пашко Васа, Абдул Фрашери како и 80-тина други делегати меѓу кои имало и племенски старешини и свештеници.

Зградата каде е формирана Призренската лига.

Причини за формирање на Призренската лига

Источната криза започнала со востанието во Босна и Херцеговина во 1875-та година, па преку Априлското востание (1876) во Бугарија, Разловечкото востание (1876-та год.) во Македонија, Српско-турската војна од 1876-та год. и завршила со Руско-турската војна 1877 год. која завршила со Сан Стефанскиот мировен договор од 3-ти март 1878 год., а потоа со неговата корекција на Берлинскиот конгрес (13.06.1878 - 13.07.1878 г.). Источната криза им била од корист на балканските држави и на Русија, со цел да ги оживеат освојувачките планови за Албанија. Со влегување на Русија во војната, опасноста од поделба на Албанија се зголемила. Албанските патриоти мислеле дека организираното ослободително востание и прогласување на независност на Албанија е единствен начин да им се спротистават на балканските држави и големите сили. За таа цел започнале со обиди за подобро организирање на национално движење и за обезбедување на надворешен сојузник. Во мај 1877 год. бил формиран албански комитет со центар во Јанина, а потоа ист таков бил формиран и во Скадар. Во декември 1877 год. во Истанбул бил формиран „Централен комитет за одбрана на правата на албанската националност“ или покусо „Истанбулски комитет“ на чеко со Абдул Фрашери. Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор (03.03.1878 г.) било предвидено еден дел од предели во кои живеело албанско население да им се отстапи на Бугарија, Србија и Црна Гора. Тоа предизвикало револт кај Албанците. Во цела Албанија биле организирани масовни протести. Против овој договор биле и големите сили и затоа решиле да направат корекција на Берлинскиот конгрес. Во ваква напната состојба во Албанија се барала организација на сите сили за одбрана на албанските етнички области од распарчување. За таа цел се јавила потреба од создавање на единствен центар за организирање на албанските активности. Уште во април 1878 год. започнало движење за одржување на општ албански собир во Призрен, што е познат како Албанска или Призренска лига. Веста за одржување на Берлинскиот конгрес ги забрзала подготовките околу заседанието. На 10-ти јуни 1878 год. започнало заседанието на Призренската Лига, на кое присуствуале делегати од сите краишта на Албанија. На собранието на Лигата била донесена одлука да се известат Големите сили дека Албанскиот народ е решен да не дозволи поделба на неговата територија и дека е подготвен веднаш да преземе мерки за практично реализирање на автономија на Албанија и соединување на вилаети каде што живееле Албанци. Во програмата се предвидувало администрацијата на Лигата да ги преземе ингеренциите на државната администрација, да избере органи на власт што требале да воспостават ред и да собираат даноци за да се организираат и вооружени сили. Со своите први акти Лигата презела државни функции за постепено изградување на една автономна албанска држава. Високата Порта се обидела на Лигата да и даде исламски карактер со протурска ориентација и да ја искористи за одбрана на своите интереси на Балканот.

Ставот на Лигата кон одлуките на Берлинскиот конгрес (13.07.1878 - 13.08.1878 г.)

На Берлинскиот конгрес учествувале шестте големи сили на Европа. Албанскиот народ немал свои претставници кои би ги изнеле неговите ставови. По еден месец интензивни преговори, на 13.07.1878 г. бил потпишан Берлинскиот договор. Со него, пределите населени со македонско и албанско население кои со Санстефанскиот Договор биле дадени на Бугарија останале под Османлиска власт. На Србија и биле дадени предели на Пирот, Врање и Ниш, на Црна Гора Бар, Плав, Подгорица, Гусиње, Ругово и Колашин. На конгресот било решено и прашањето за Грција, која не учествувала во војната против Османлиската империја. Било решено за гранична линија меѓу неа и Османлиската држава да биде реката Каламис во Долна Албанија, со што на Грција и биле дадени области во Чемерија. Албанците не биле задоволни од решенијата на Берлинскиот конгрес и затоа решиле да се спротистават на нив и да им покажат на големите сили дека албанскиот народ постои и е подготвен да се жртвува за своите права. Тоа Албанците го покажаче во борбите за Плав и Гусиње кои требало да и припаднат на Црна Гора. Во август 1878 г. Големата Порта го испратила на Косово Мехмет Али Паша да ги убеди Албанците да не се противат на решенијата од Берлинскиот Конгрес. Најголемо спротиставување имало во Ѓаковица каде силите на Лигата го опседнале и го нападнале градот, и го убиле Мехмет Али Паша. По овој неочекуван настан Големата Порта прашањето за Плав и Гусиње го оставила за подоцна. Црногорскиот крал интервенирал кај Големите сили Високата Порта да ги повлече своите војски од Подгорица, Шпуза и Жабљак. Призренската лига не се спротиставивал на давањето на овие области на Црна Гора, бидејќи биле со словенско население, а решила да ги брани Гусиње и Плав бидејќи биле со албанско население. Меѓу црногорските војски и силите на Лигата се воделе жестоки борби во кои Црногорците биле поразени. Со помош на Големите сили било решено на Црна Гора, наместо Плав и Гусиње, да и се дадат други албански области: Хот и Груда. Ваквото решение предизвикало незадоволство кај Албанците и во април 1880 г. повторо дошло до војна во која Црногорците одново биле поразени и принудени да се повлечат. Прашањето за Улцињ и албанските победи ги принудиле Големите сили да се состанат во Берлин на 26-ти јуни 1880 г. каде решиле наместо Хот и Груда на Црна Гора да и се даде Улцињ. Оваа одлука ја принудила албанската Лига да свика собрание во Ѓирокастро (26.07.1880 г.) и во Дебар (20.10.1880 г.), на кои покрај дискусија за статусот на Албанија во однос на Османлиската Империја се разговарало и за одбрана на земјата. Високата Порта се обидувала да ги убеди Албанците да го предадат Улцињ, но неуспешно. Големите сили соочени со нова ситуација решиле воено да интервенираат со испраќање на поморска флота пред Улцињ. Тие од Албанија побарале да го предаде градот. На 26 ноември 1880 г. османлиски сили го освоиле градот и го предале на Црногорците. Губењето на Улцињ предизвикало големо незадоволство кај Албанците.

Привремената влада на Лигата и нејзиното распаѓање (1881 г.)

По предавањето на Улцињ на Црна Гора, Високата Порта почнала да се подготвува да ја ликвидира Призренската Лига. Албанците кои барале автономија Султанот ги прогласил за најопасни непријатели на Османлиската Империја. Во декември 1880 г. на Косово започнале албански вооружени напади против османлиската администрација. Во вака влошена состојба, албанските патриоти сметале дека е дојдено време да се реализира програмата за автономна Албанија. Во почетокот на 1881 г. тие организирале вонреден собир на Лигата во Призрен на кој учествувале само оние кои ја подржувале програмата за автономија. Собирот решил да ги раздолжи од своите органи оние кои не ја подржувале автономијата. По прочистувањето на своите редови Лигата прогласила Привремена влада на чело со Имер Призрени - претседател, а за потпретседател бил избран Шаип Спахиу. По формирањето на Привремената влада, биле формирани и редовни воени сили како и нова администрација во ослободените краишта. Воените сили биле под команда на Сулејман Вокши. Во јануари 1881 г. силите воспоставиле контрола на Косово и на одделни региони од северозападниот дел на Македонија. Но, во април 1881 г. османлиските војски ги разбиле војските на привремената влада и извршиле невиден терор на Косово и во цела Албанија. Илјадници Албанци биле уапсени и казнети со тешка робија, меѓу нив и Абдул Фрашери, член на Привремената влада. Призренската Лига била прва национална организација на Албанците која со своите разграноци била распространета во сите албански области и била оставена во служба на националното движење. Со својата херојска борба таа ги одбранила од распарчување албанските области на север и на југ од земјата, а со формирањето на Привремената влада таа ги поставила темелите на идната Албанска држава.

Користена литература

  • „Историја“ од Јорданка Патковиќ.