Бенедето Кроче: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: bg:Бенедето Кроче
с Бот Додава: sc:Benedetto Croce; козметичке промене
Ред 14:
notable_ideas = |
}}
'''Бенедето Кроче''' ([[Италијански јазик|италијански]]: ''Benedetto Croce'') ([[25 февруари]] [[1866]] – [[20 ноември]] [[1952]]) бил [[италија]]нски критичар, идеалистички [[философ]] и [[политичар]]. Тој пишувал на бројни тематики, вклучувајки ги философија на историја и естетиката, и бил истакнат либерал, иако се спротиставувал на слободната трговија (laissez-faire). Неговото влијание врз Антонио Грамски е доста воочлива.
 
== Биографија ==
Корче е роден во [[Пескасероли]], во регионот на Абзури во [[Италија]]. Тој потекнувал од влијателна и богата фамилија и бил израснат во многу строга [[Католицизам|католичка]] оклолина. На отприлика 18-годишна возраст, тој се одрекол од католицизмот и станал [[Атеизам|атеист]], придржувајќи се на ова до крајот на својот живот. Во [[1833]] година, неговото село Казамикола, каде што тој бил на одмор со неговото семејство, било погодено од [[земјотрес]], уништувајќи го домот во којшто тие живееле. Мајка му, татко му и сестра му загинале, а самиот тој бил под рушевините долго време и едвај преживеал. По несреќата, тој го наследил семејното богатство и бил во можност да го проживее остатокот од животот во извесна комотност, овозможувајќи си притоа многу слободно време, што го посветил на [[философија]]та. Кaкo што растела неговата популарност, многумина, против негова воља, го туркале во политичките кругови. Тој бил поставен за министер за јавна едукација, а подоцна се префрлил на доживотната функција во Италијанскиот сенат. Тој јавно го критикувал учеството на Италија во [[Прва светска војна|Првата светска војна]], знаејќи дека тоа е самоубиствена трговска војна. Иако ова во прво време го направило непопуларен, неговата популарност била обновена по војната и тој повторно станал многу сакана јавна личност. Иако на почетокот Бенедето Кроче ја поддржувал [[Фашизам|фашистичката]] [[Кралство Италија|влада]] на [[Бенито Мусолини]], подоцна тој отворено ѝ се спротиставил на [[Национал-фашистичка партија|Фашистичката партија]], останувајќи на тие ставови сѐ до својата смрт во [[1952]] година.
 
== Философијата на духот ==
Под огромоно влијание од [[Георг Вилхелм Фридрих Хегел|Хегел]] и други германски идеалисти, како [[Имануел Херман Фихте|Фихте]], Корче ја создал, како што тој самиот ја нарекол, философијата на духот. Корче бил страстен идеалисt и негирал било каква реалност различна од „чистиот концепт“ или едноставните идеи. „Чист концепт“ според него се главно идеите на [[Платон]] и се слични на категориите на [[Кант]], тоа се работи како [[квантитет]], [[квалитет]], [[еволуција]], односно, било која замисла што ќе ја имаме, може да се поврзе со соодветна униврзална замисла. Тој дошол до заклучок дека ако сѐ што е реално е замисла, тогаш целата реалност може да се сведе на чисто логичен концепт и целата негова понатамошна работа се темели на [[логика]]та. Тој ги одбива сите форми на [[религија]] како недоволно логични, а на сличен начин ја третирал и [[метафизика]]та. Тој мислел дека матафизиката е едноставно оправдување на религиозните идеи и е непотполна философска идеја. Како и да е, тој се држел до својот [[идеализам]].
 
== Историја ==
Кроче имал голема страст кон [[Џамбатиста Вико|Вико]] и го делел неговото гледиште дека историјата треба да биде пишувана од философите.
 
Ред 29:
Ова го довело до судир со теоретичарите [[Карл Маркс|Маркс]] и [[Георг Вилхелм Фридрих Хегел|Хегел]] кои се обидувале да ја редуцираат историјата на неколку водечки принципи. Тој наполно се согласува со [[Жан Жак Русо|Русо]], велејќи дека „историјата е една серија лаги, каде што ние мораме да одбереме една која ни се чини најблиску до вистината“.
 
== Убавина ==
Крoчевото дело ''Breviario di estetica'' (Основата на естетиката) се појавува во форма на четири лекции, бидејќи му било побарано да ги напише и да ги достави при инавгурацијата на универзитетот „Рајс“. Тој ја одбил поканата да присуствува на настанот, но сепак ги напишал лекциите и ги доставил за преведување, за да бидат прочитани и во негово отсуство. Во ова кратко, но густо дело, Кроче ја поставил својата теорија за уметноста. Тој тврдел дека [[уметност|уметноста]] е поважна од [[наука|науката]] или [[метафизика]]та, бидејќи само уметноста нѐ надградува. Тој мислел дека сѐ што ние знаеме може да се сведе на логичко и имагинативно знаење. [[уметност|Уметноста]] извира од [[уметност|науката]] и [[метафизика|метафизиката]], правејќи ги, во нивната суштина, чиста замисла. Сите мисли се базирани на дел од ова, и им претходат на сите останати мисли. Задача на секој уметник е да изработи совршена слика, најдобрата што може за нивните гледачи, бидејќи тоа е она што уметноста во суштина е – збор од внатрешните, ментални слики во нивната идеална состојба. Нашата [[интуиција (философија)|интуиција]] е во основите на формирање на овие концепти надвор од нас. Околу оваа теорија подоцна многу се дебатирало од современите [[италија]]нски мислители како [[Умберто Еко]].
 
== Селектирана библиографија ==
*''Materialismo storico ed economia marxistica'', [[1900]]
*''L'Estetica come scienza dell'espressione e linguistica generale'', [[1902]]
Ред 47:
*''Filosofia e storiografia'', [[1949]]
 
== Дела за Бенедето Кроче ==
*Parente, Alfredo. ''Il pensiero politico di Benedetto Croce e il nuovo liberalismo'' ([[1944]]).
*Myra Moss, ''Benedetto Croce reconsidered'',([[1987]]).
Ред 55:
*Fabio Fernando Rizi, ''Benedetto Croce and Italian Fascism'', [http://www.utoronto.ca/ University of Toronto] Press, [[2003]].
 
== Видете уште ==
*[[Либерализам]]
 
== Надворешни врски ==
*[http://www.gutenberg.org/browse/authors/c#a3007 Дела на Бенедето Кроче] на [http://www.gutenberg.org Проект Гутенберг]
 
{{DEFAULTSORT:Кроче, Бенедето}}
 
[[Категорија:Италијански философи]]
 
Ред 87 ⟶ 88:
[[ro:Benedetto Croce]]
[[ru:Кроче, Бенедетто]]
[[sc:Benedetto Croce]]
[[sk:Benedetto Croce]]
[[sl:Benedetto Croce]]