Википедија:Пристојност: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
'''Учтивоста''' е основниот и најважниот принцип на однесување на Википедија. Неговата примена е задолжителна при уредувањето на статии, при пишувањето на коментари на страниците за разговор, а исто така и при опишувањето на уредувањата. Неучтивоста може кратко да се опише како ''однесување кое придонесува за создавање на атмосфера, која создава конфликти и непочитување''. Според принципите и напатствијата на Википедија, сите корисници се должни во меѓусебните односи да бидат учтиви.
 
== Проблеми ==
 
Википедија е отворена за сите оние коишто сакаат да придонесат во зголемувањето на нејзиниот број на статии и во подобрувањето на постоечките статии. Сепак, на Википедија на македнски јазик односите меѓу сите корисници не се најдобри. Создавањето на конфликтни ситуации директно влијае на квалитетот на уредувањата. Во таквите конфликтни ситуации, понекогаш е тешко да дојде до откажување од субјективната оценка на некои корисници. Најчесто уредувањата на корисниците се читки, разбирливи и со објаснување на внесените измени, но понекогаш се случува да дојде до жестокост. Од друга страна, има корисници кои многу чувствително реагираат на промените направени на нивните уредувања, бидејќи сметаат дека дури се менува значењето на она што го имаат напишано.
 
Сувите коментари, кои се даваат како опис на извршените уредување не секогаш се веродостојни и понекогаш знаат да се косат со вистински направените промени. Една ваква ситуација може да доведе до создавање на несакани проблеми од многу поголеми размери. Навлезени во проблеми, корисниците помалку помислуваат на уредување на статии, а повеќе на „победа“ над „непријателот“.
 
== Примери ==
=== Ситни примери ===
*употреба на грубости;
*недолични описи при опишување на уредувањата;
*понижување на корисникот, поради неговите познавања од јазикот или поради неговиот избор на зборови;
*преувеличување на личниот степен на образование и личните познавања и омаловажување на туѓите (на пр. „Јас сум доктор на ауки, а кој си ти?“)
*прекршување на нормативната лексика, со употреба на [[безобразност|несвојствени зборови]] за оценка на другите корисници, како „глупак“, „прост“, „будала“ и др. (исто така е забрането да се употребуваат вакви зборови, со испуштање или замена на букви);
*непромислена осуда за недостојност од било кој вид.
=== Сериозни примери ===
{{main|Википедија:Без лични напади}}
*зли намери и провокации;
*груби навреди на другите корисници, кои вклучуваат расна, национална, полова и возрасна навреда;
*[[Википедија:Вандализам|вандализам]] на туѓа корисничка страница;
*намерно откривање на идентитетот на некој корисник;
*давање на недолични предлози и совети.
 
== Какви проблеми носи неучтивоста? ==
Неучтивоста:
*убедува некои корисници да изгубат желба да извршат некоја работа;
*ги раздразнува корисниците да влезат во неконструктивни спорови и ги провоцира на одредена грубост и агресивност;
*го принудува противникот во спорот да се погрижи за обезбедување на самоодбрана, што води кон придобивката на другите мислења и формирањето на консензус на тој начин;
*ја уништува верата во добрите намери и на тој начин го попречува решавањето на дадениот проблем и идните конфликти;
*води до трошење на време за решавање на конфликтите, наместо за уредување на нови или подобрување на постоечките статии;
*води до промена на мислењето на корисниците за целите или нивно погрешно поимање;
*ја претвора Википедија во некомфорна и недружељубива средина соскриено чувство на можна опасност.
 
{{Принципи и напатствија}}