Историја на Унгарија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
 
== Унгарско кралство ==
Во периодот од 971 - 997 година владеел Геза, кој одлучил да се приклучи кон христијанска Европа и Унгарија да ја направи по моделот на европските држави. Негов наследник бил Вајк. Вајк, всушност е паганското име за идниот крал [[Иштван I]]., кој [бил голем везир на Унгарците]] (997-1000) и првиот [[крал на Унгарија]] (1000-1038). Тој успеал да ја зацврсти унгарската контрола во [[Панонска низина|Панонската низина]], го вовел [[христијанство]]то како примарна религија во земјата, а често се споменува дека тој е создавачот на [[Кралство Унгарија|кралството Унгарија]]. Тој бил [[канонизација|канонизиран]], заедно со неговиот син [[Свети Емерик|Емерик]] и [[Свети Герард|Герард Сагредо]] на 20 август 1083, со што станал еден од најпопуларните светци во Унгарија.
Според унгарската традиција, папата [[Папа Силвестер II|Силвестер II]] со согласност на царор на Светото римско царство [[Отон III]] испратил величествена круна накитена со злато, намената за Стефан, со апостолски крст и писмо со благослов, со кое официјално бил признат како христијански крал на Унгарија. Подоцна, оваа традиција била интерпретирана како папско признавање на независноста на Унгарија од [[Свето римско царство|Светото римско царство]]. Точниот датум на неговото крунисување е различно претставена, некаде Божиќ во 1000, а некаде 1 јануари 1001.