Драко Мелфој: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
целосна преобработка на воведот, додавање белешка и инфокутија
додавање на една полна секција со три параграфи
Ред 15:
|pages=16
|url = http://books.google.com/books?id=qQYfoV62d30C&pg=PA16&vq=malfoy+bad+faith&dq=J.K.+Rowling's+Harry+Potter+novels&hl=es&source=gbs_search_s&cad=0 }}</ref>
Во една статија издадена во 2002, Nilsen and Nilsen расправаат дека „Драко“ е поврзано со '''draconian''' ([[Македонски јазик|македонски]]: ''нешто злобно'', ''драконски'') и дека неговото презиме почнува со „mal“, француски префикс за „лошо“ или „злобно“.<ref>{{cite journal
|title=Lessons in the teaching of vocabulary from September 11 and Harry Potter
|author=Alleen Pace Nilsen, Don L.F. Nilsen
Ред 26:
|url=http://www.sfu.ca/media-lab/archive/2007/426/Resources/Readings/readings%20kidcult/HarryPotterLiteracy.pdf
|format=PDF}}</ref>
 
== Појавувања ==
=== Први три книги ===
Драко Мелфој за првпат се појавува во серијата кога тој и Хари се запознаваат додека тој испробува наметки кај Мадам Малкин. Не препознавајќи го Хари, Драко се обидува да се спријатели со него, но Хари се одвраќа поради арогантноста. Тој го прашува Хари дали неговите родители се „наши“, а потоа вели дека на „другите“ (Нормално родените) не треба да им се дозволува да учат во Хогвортс бидејќи, „не сме од иста сорта, не сме пораснати на ист начин“. Двете момчиња се разделуваат без претставување, но повторно се сретнуваат на [[Хогвортс Експрес]]. Откако Драко го исмејува семејството на [[Рон Визли]], Хари ја одбива неговата понуда за пријателство и нивниот меѓусебен антагонизам се раѓа. Според Роулинг, Мелфој првобитно се потрудува да биде другар на Хари бидејќи „би било кул да се појавиш во училиштето како другар на Хари Потер, бидејќи Хари е доста славен“.<ref>[http://www.accio-quote.org/articles/1999/1099-connectiontransc2.htm#p12 Lydon, Christopher. J.K. Rowling interview transcript, The Connection (WBUR Radio), 12 October, 1999]</ref> Сепак, на Хари Мелфој не му се допаднал Мелфој како другар бидејќи тој „бил толку неучтив кон [[Рубеус Хагрид]] и кон Рон, личности кои Хари многу ги сака“. Едвај допирајќи ја главата на Драко, [[Капата бирачка]] го распределува во Слитерин, каде веднаш станува миленик на професорот по Напивки и главата на домот на Слитерин, [[Северус Снејп]]. Драко се обидува да го исфрли Хари од училиштето имамувајќи го да учествува во полноќен волшебнички двобој, претходно тајно известувајќи го [[Аргус Филч]], но планот пропаѓа кога Хари го избегнува Филч и безбедно се враќа во спалната соба.
 
Во ''[[Хари Потер и Одајата на тајните]]'', Драко станува новиот трагач слитеринскиот квидички тим откако неговиот тако, Луциус Мелфој, донира нови, високо квалитетни [[Метли во Хари Потер#Нимбус 2001|Нимбус 2001]] метли. Кога [[Хермиона Гренџер]] образложува дека грифиндорските играчи влегуваат во тимот поради својот талент, а не со поткуп, Драко и одговара нарекувајќи ја [[калливокрвна]]. Ова поттикнува еден непосреден, насилен одговор од сите присутни Грифиндорци, со исклучок на Хермиона и Хари, кои, се одгледани од Нормални, за значењето на епитетот. Поради презирот на Драко кон Нормално-родените, Хари, Рон и Хермиона се сомневаат дека Драко е наследникот на Слитерин, кој неодамна повторно ја отворил [[Хогвортс#Одаја на тајните|Одајата на тајните]]. Хари и Рон се преправаат во Креб и Гојл со помош на Полисоковната напивка и се вметнуваат во заедничката соба на Слитерин во обид да се здобијат со додатни информации, при што сфаќаат дека првичното сомневање за Драко е погрешно.
 
[[Image:GoyleMalfoyCrabbePansy.jpg|лево|мини|300п|Од лево кон десно: Гојл, Мелфој, Креб и Пенси Паркинсон]]
За време на првото предавање на Хагрид како наставник по [[грижа за волшебните суштества]] во ''[[Хари Потер и Затвореникот од Азкабан]]'', [[хипогриф]]от, Бакбик, го напаѓа Драко откако тој го навредува и поради тоа што не го следи правилниот протокол за приближување. Тој го преувеличува обсегот на неговата болка, давајќи му шанса на Слитерин да го одложат квидичкиот меч малку подоцна истата година, со обид да го отпуштат Хагрид. Хермиона му мава шлаканица на Драко кога тој го исмејува плачењето на Хагрид за пресудата на Бакбик. Драко, кој навестува дека е свесен како [[Сириус Блек]] е наводно вмешан во убиствата на родителите на Хари, исто и го подбуцнува Хари за неизбежната закан од Блек: „Да бев на твое место, ќе сакав одмазда. Самиот ќе го прогонував.“