Никола I Петровиќ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Проширување
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
== Биографија ==
Никола се родил во селото [[Његуши]], како син на [[Мирко Петровиќ-Његош]], кој бил брат на кнезот [[Данило Петровиќ|Данило]].
[[Податотека:Proclamation of the Kingdom of Montenegro.jpg|рамкамини|десно|180п|Крунисувањето на Никола I во крал]]
Уште од мал, изучувал боречки вештини и вежбал гимнастика. Голем дел од своето детство поминал во [[Трст]], во домот на семејството Кустиќ, од кое потекнувала неговата стрина Даринка (сестра на кнезот Данило). Неговата стрина, Даринка била голема обожавателка на француската литература, па го испратила да го продолжи школувањето во [[Париз]]. На 19 години станал кнез на Црна Гора, функција која во првите неколку години ја извршувал заедно со својот татко. Заради ослободувањето на [[Херцеговина]], во 1862 година завојувал против [[Ослманлиско царство|Османлиското царство]]. Војната била тешка за [[Црна Гора]], па идејата за ослободување на [[Херцеговина]] завршила без успех. Во 1868, кнезот никола отпатувал во [[Русија]], каде се сретнал со императорот [[Александар II (Русија)|Александар II]] и ги продолжил пријателските односи, кои ги започнале неговите предци. По враќањето од Русија, започнал да спроведува реформи и да ја преуредува државата. Најголема грижа му била војската, па најпрвин неа ја преуредил, а потоа формирал судови и отворил училишта низ целата земја. Во 1876, како сојузник на [[Србија]] завојувал во нова војна против Османлиското царство. Во војната како сојузник против Османлиите влегла и Русија, па по војната Црна Гора ги добила [[Билеча]], [[Бар]], [[Улцињ]] и [[Подгорица]]. За победата на Црногорците се чулио насекаде во светот, а кнезот Никола бил нарекуван «цар на јунаците». По војната Црна Гора ја се проширила, добила излез на море и нејзината независност била признаена од големите сили, кои дотогаш формално не ја признавале.
[[Податотека:Kingdom 1914.gif|рамкамини|десно|130п|Карта на кралството Црна Гора во 1914]]
По војната, кнезот Никола ја смирил состојбата и водел мудра политика, овозможувајќи ѝ на својата земја да се развива во сите полиња. Во тоа време, започнал со подобрување на инфраструктурата, проширување на градовите, отворал училишта, донесувал корисни закони, а државната управа ја организирал со формирање на министерства. Сепак, најголема грижа имал и понатаму кон војската, која успеал да ја осовремени ио да ја обучи како и сите современи војски во тоа време, благодарение на помошта од Русија. Роднинските врски со странските кралски дворови му овозможиле да ѝ донесе уште поголем углед на Црна Гора.