Енио Мориконе: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Andreina (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Andreina (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Morricone at United Nations HQ.jpg| right|350px|thumb|Енио Мориконе на концерт во Обединетите Нации]]
{{во изработка}}
 
'''Енио Мориконе''' ([[италијански|итал]].''Ennio Morricone'') е [[италија]]нски [[композитор]], добитник на престижната филмска награда [[Оскар]].
Ред 12:
 
===Почетоци===
 
По потекло од [[Арпино]] (провинција на [[Фросиноне]])но роден во [[Рим]], своето музичко образование го стекнал во ''Конзерваториумот Санта Чечилија'', каде се стекнал со диплома по [[труба]] (со оцена 7/10) и компонирање (оцена 9,50/10 со [[Гофредо Петраси]]). Исто така изучувал и [[хорска музика]] и [[хор]]ско диригирање. Истовремено работел како трубач во многу [[рим]]ски [[орекестар|оркестри]], стекнувајќи на тој начин еден значаен практичен дух и создавајќи мрежа на пријателства во сценскиот свет. Започнал да пишува [[филмска музика]] во [[1955]] год., паралелно работејќи како аранжер на забавна музика за разни оркестри и за плочите на [[италија]]нската [[радио]][[телевизија]] - [[РАИ]]. Сепак, Мориконе и понатаму продолжува да се смета за „учен“ [[композитор]] и да пишува современа [[класична музика]]: дефиницијата на „волшебник на филмска музика“ е редуцирана. Во [[1956]] год. се оженил со [[Марија Травија]] и од тој брак се родиле четири деца. Во [[1958]] год. се вработил како музички асистент во [[РАИ]] но истиот ден дал отказ веднаш штом сфатил дека таму нема да може да гради кариера и дека, по експлицитно барање на тогашниот генерален директор на [[РАИ]], [[Филиберто Гуала]], сосем било забрането емитувањето на програми со музиката напишана од страна на вработените во јавната радиотелевизија.
 
===Соработката со Серџо Леоне===
 
Мориконе и [[Серџо Леоне|Леоне]] биле школски другари уште од основно училиште и во [[1964]] год. започнале заедно да соработуваат. Во истиот период Мориконе започнал да соработува и со [[Бернардо Бертолучи]]. Првата филмска музичка тема која ја напишал за Леоне била за филмот „''За грст долари''“ во [[1964]] год., продолжувајќи со работата на една цела серија ''шпагети-вестерн'' филмови режирани од римскиот режисер (''За некој долар повеќе'', ''Добриот, грдиот и лошиот'', ''Беше еднаш на Западот'', ''Долу главата'', ''Моето име е никој''), соработка која траела сè до последниот филм на [[Серџо Леоне]], гангстерскиот ''Беше еднаш во Америка'', пишувајќи едни од неговите најпознати музички теми. За Серџо Леоне, Мориконе пишува едни од своите најдобри музички филмски теми, музика која придонела во тоа филмовите на Леоне да станат вистински ремек дела. На своите концерти Енио Мориконе секогаш му посветува еден дел на познатиот режисер [[Серџо Леоне]].
 
===Едно корисно уметничко пријателство===
 
Сè до почетокот на шеесеттите години од [[20 век]], Мориконе живеел со сопругата Марија и со децата во познатиот [[рим]]ски кварт Трастевере. Веднаш над неговиот стан живеела сликарката [[Ева Фишер]], важна женска фигура на римската уметност од послевоениот период. Токму со неа Мориконе имал интензивна културна размена која кулминирала во [[1992]] год. со објавувањето на компакт дискот насловен како „''На Ева Фишер Сликарот''“ како прилог на една книга со репродукциите на сликарските дела на [[Ева Фишер]] кои биле инспирирани од музиката на пријателот Енио.
 
===Првите официјални признанија===
 
Ја добива својата прва награда ''Сребрена Лента'' ([[италијански јазик|итал]]. ''Nastro d'Argento'') во [[1965]] год. (година во која започнал да работи како предавач по компонирање во престижниот ''Конзерваториум Личинио Рефиче'' во [[Фросиноне]] во чие основање самиот зел активно учество) благодарени на музиката за филмот ''Metti, una sera a cena'', и втората награда веднаш следната година за филмот ''Sacco e Vanzetti''. Првата номинација за наградата [[Оскар]] пристигнала во [[1979]] год. за музиката за филмот ''Денови на Рајот'' ([[англиски јазик|англ]].''Days of Heaven''), по што следи и онаа во [[1986]] год. за филмот ''Мисија'' ([[англиски јазик|англ]].''The Mission'') кој сепак ќе ја освои наградата од Британската Академија за Филм и Телевизиска Уметност ([[БАФТА]]) како и [[Златен Глобус]], потоа во [[1987]] год. за филмот ''Недопирливи'' ([[англиски јазик|англ]]. ''The Untouchables'') кој ќе добие Сребрена Лента, Награда од Британската Академија, Златен Глобус и [[Греми Награда]], во [[1992]] год. за филмот ''Багзи'' ([[англиски јазик|англ]].''Bugsy'') и во [[2001]] год. за филмот ''Малена'' ([[италијански јазик|итал]]. ''Malèna'').
 
Во [[1984]] год. освојува уште една друга награда од [[БАФТА]] за музиката за филмот ''Беше еднаш во Америка'', последниот филм на [[Серџо Леоне]].
 
===Наградата Оскар===
 
На [[25 февруари]] [[2007]] год. по пет ненаградени номинации, му е доделена со долгоминутни овации од многубројната публика, наградата [[Оскар]] за животно дело, „за неговите извонредни и разни придонеси во полето на уметноста на филмската музика“.
 
Наградата [[Оскар]] му ја додели актерот [[Клинт Иствуд]],икона на вестерн филмовите од [[Серџо Леоне]].
 
Паралелно со овој настан во продажба бил пуштен албумот чија реализација отпочнала уште во[[ 2006]] год. од страна на издавачката музичка куќа Сони: на компакт дискот насловен како „Ние сите го сакаме Енио Мориконе“ ([[англиски|англ]]. ''We All Love Ennio Morricone'') се содржат најголемите успешни дела на маестро Мориконе интерпретирани од страна на пејачи и уметници со светска слава: [[Металика]], [[Селин Дион]], [[Андреа Бочели]], [[Брус Спрингстин]] и многу други.
 
[[Селин Дион]], во чест на [[композитор]]от, за време на доделувањето на наградата [[Оскар]] ја испеа песната „''Знаев дека те сакам''“ ([[англиски|англ]]. ''I Knew I Loved You'') која е дел од дискот и која е инспирирана од музиката од филмот [[Беше еднаш во Америка]].
 
 
==Надворешни врски==
* [http://www.enniomorricone.com/ Официјален сајт]
* [http://enniomorricone.warnermusic.it/ Официјален сајт на Warner Music]
* {{en}} {{de}} [http://enniomorricone.en.funpic.de/index.phpThe Ennio Morricone Fanpage]
* [http://www.enniomorricone.net/ Ennio Morricone Unofficial Fans Club]
* [http://www.spazioforum.it/forums/?mforum=enniomorriconef Forum fans amatoriale in italiano ]
* {{en}} [http://www.chimai.com/ The Ennio Morricone Online Community]
 
 
[[Категорија:Автори на филмска музика]]
[[Категорија:Римски уметници]]
[[Категорија:Италијански пијанисти]]
[[Категорија:Композитори на современа музика]]
[[Категорија:Златен Глобус за најдобра филмска музика]]
[[Категорија:Италијански аранњери]]
[[Категорија:Добитници на Оскар]]
[[Категорија:Добитници на Греми]]
 
[[ar:إنيو موريكوني]]
[[bg:Енио Мориконе]]
[[bs:Ennio Morricone]]
[[ca:Ennio Morricone]]
[[cs:Ennio Morricone]]
[[da:Ennio Morricone]]
[[de:Ennio Morricone]]
[[en:Ennio Morricone]]
[[eo:Ennio Morricone]]
[[es:Ennio Morricone]]
[[fa:انیو موریکونه]]
[[fi:Ennio Morricone]]
[[fr:Ennio Morricone]]
[[gl:Ennio Morricone]]
[[he:אניו מוריקונה]]
[[hr:Ennio Morricone]]
[[hu:Ennio Morricone]]
[[it:Ennio Morricone]]
[[ja:エンニオ・モリコーネ]]
[[ko:엔니오 모리코네]]
[[la:Ennius Morricone]]
[[lt:Ennio Morricone]]
[[nl:Ennio Morricone]]
[[no:Ennio Morricone]]
[[pl:Ennio Morricone]]
[[pt:Ennio Morricone]]
[[ro:Ennio Morricone]]
[[ru:Морриконе, Эннио]]
[[scn:Enniu Morriconi]]
[[simple:Ennio Morricone]]
[[sk:Ennio Morricone]]
[[sq:Ennio Morricone]]
[[sr:Енио Мориконе]]
[[sv:Ennio Morricone]]
[[th:เอนนิโอ มอร์ริโคเน]]
[[tr:Ennio Morricone]]
[[uk:Енніо Морріконе]]
[[zh:恩尼奥·莫里科内]]