Очилна мечка: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: nah:Māpachtlācamāyeh
с Бот Додава: br:Arzh lunedek; козметичке промене
Ред 20:
'''Очилната мечка''' (''Tremarctos ornatus'') позната и како '''Андиска мечка''', е најблиската роднина на изумрените [[мечка|мечки]] од видот [[Arctodus]], кои исчезнале за време на средниот и доцен [[плеистоцен]]<ref>[http://www.grizzlybear.org/bearbook/spectacled_bear.htm Grizzly Bear.org: Spectacled Bear]</ref><ref>[http://www.bearplanet.org/spectacledbear.shtml Bear Planet]</ref>.
Очилната мечка е мал вид на мечки со потекло од [[Јужна Америка]]. Има црно [[крзно]] со белези со беж боја по лицето и градите. Мажјаците се 33% поголеми од женките<ref name="Bearalmanac">{{цитирана книга | author = Brown, Gary | title = Great Bear Almanac | year = 1996 | pages = pp.340 | id = ISBN 15582147471-55821-474-7}}</ref>. Мажјаците тежат од 130 до 200 кг, а женките 35-82 кг<ref>[http://nationalzoo.si.edu/Publications/ZooGoer/1999/2/fact-spectacled.cfm Spectacled, or Andean, Bear - National Zoo| FONZ<!-- Bot generated title -->]</ref>. Ги среќаваме во повеќе региони во северниот и западниот дел на Јужна Америка, вклучувајќи ги источна [[Панама]]<ref name=EoM>{{цитирана книга |editor=Macdonald, D.|author= Bunnell, Fred|year=1984 |title= The Encyclopedia of Mammals|publisher= Facts on File|location=New York|pages= 96|isbn= 0-87196-871-1}}</ref>, западна [[Венецуела]], [[Бразил]]<ref>{{цитирана веб страница | last = | first = | authorlink = | coauthors = | title = Spectacled bear, Andean bear, ucumari| work = BBC - Science & Nature - Wildfacts| publisher = BBC| date = | url = http://www.bbc.co.uk/nature/wildfacts/factfiles/11.shtml| format = | doi = | accessdate = }}</ref>, [[Колумбија]], [[Еквадор]], [[Перу]], западна [[Боливија]] и северо-западна [[Аргентина]]. Очилните мечки се единствениот преживеан вид на мечки на овој континент, и единствениот преживеан вид од родот [[Tremarctinae]]. Нивното преживување веројатно се должи на способноста да се искачуваат дури и на највисоките дрвја на [[Анди]]те.
 
== Етимологија ==
''Tremarctos ornatus'' ја нарекуваме и очилна мечка, алудирајќи на специфичните белези на [[гради]]те, [[врат]]от и на [[лице]]то, кои кај некои индивидуи наликуваат на очила. Името Андиска мечка е поради нивната распространетост во долж на [[Анди]]те.
 
== Живеалиште и исхрана ==
Живеалиште на овој вид на мечки се [[Анди]]те и регионите околу нив. Во овие предели има изобилство од [[вода]] и вегетација, што претставува погодни услови за нивната исхрана која се состои од [[корен|корења]], зрнести [[плод]]ови ([[бобинки]], [[јагоди]], [[рибизли]] и сл.), [[инсекти]] и повремено мали [[глодар]]и или мрша. Овие дневни животни, не [[хибернација|хибернираат]] за време на зимата, но сепак се повлекуваат во дувла кога времето е многу студено. Живеат во високите предели со умерена клима и во субтропските [[дождовна шума|дождовни шуми]]. Голем дел од времето го поминуваат на дрвјата, за да ги избегнат предаторите. Освен човекот, единствени животни кои можат да нападнат возрасна Андиска мечка се [[пума]]та и [[јагуар]]от. Младите мечиња имаат инстинктивен нагон да се качуваат до највисоките дрвја, камења и карпи.
Најчесто овие мечки се среќаваат во шумите на Андите над 2000 метри надморска висина, поретко во дождовните шуми и во шумите на границата помеѓу [[Еквадор]] и [[Перу]].
 
== Социјални карактеристики ==
Иако Андиските мечки се изолираат едни од други за да избегнат конкуренција, сепак тие не бранат територија како повеќето други видови на мечки. При средба со [[човек]] или со други андиски мечки, тие реагираат внимателно но питомо, освен ако натрапникот не претставува опасност за мечката или нејзините малечки. Како и останатите мечки, мајките се однесуваат многу заштитнички кон младенчињата и се во состојба да нападнат. Сепак, досега во [[Јужна Америка]] не е регистрирана смрт предизвикана од напад на мечка.
 
== Карактеристики ==
[[Податотека:Spectacled_Bear_-_Houston_Zoo.jpg|thumb|Очилна мечка во зоолошката градина во [[Хјустон]]|240px|left]]
Очилната мечка поседува многу развиен осет за [[мирис]] со кој се адаптира на условите во дождовните шуми и и овозможува да најде храна во пукнатините на [[почва]]та и на високите дрвја. Поседуваат и долги, остри [[канџи]] кои ги користат за ископување на корењата на [[растенија]]та.
Ред 41:
Иако најчесто се хранат со растенија и плодови, сепак во документарецот на BBC „ Natural World, Spectacled Bears - Shadows of the Forest“ (Природен свет, Очилните мечки – сенки на шумата), возрасна мечка била снимена како јаде мрша од говедо. Локалните селани тврдат дека биле сведоци на напад од очилна мечка врз говедо. Сликани се и фотографии кои ги покажуваат раните кои се различни од раните добиени од напад од [[пума]]. Се претпоставува дека е можно мечките да го менуваат нивниот начин на исхрана поради уништувањето на дождовните шуми.
 
== Заштита ==
[[Податотека:Brillenbär (Tremarctos ornatus)3.jpg|thumb|240px|right]]
Денес остануваат околу 2000 индивидуи. Андиските мечки се ранлив вид поради бројни причини. Тие се ловени од локалното население поради верувањето дека го напаѓаат добитокот, и покрај фактот дека овие мечки јадат месо во многу мали колочини. Ловени се и поради нивното месо (посебно ценето во северно [[Перу]]), крзното и [[жолчниот меур]] кој е доста ценет во ориенталната медицина и достигнува висока цена на пазарот. Опасност се јавува и поради намалувањето на површините на нивното природно живеалиште и уништувањето на дождовните шуми.
 
== Референци ==
{{reflist}}
{{Мечки}}
 
[[Категорија:Зоологија]][[Категорија:Мечки]][[Категорија:Животни]][[Категорија:Цицачи]]
[[Категорија:Зоологија]]
[[Категорија:Мечки]]
[[Категорија:Животни]]
[[Категорија:Цицачи]]
 
[[bg:Очилата мечка]]
[[br:Arzh lunedek]]
[[cs:Medvěd brýlatý]]
[[de:Brillenbär]]