Разлика помеѓу преработките на „Шпанско-американска војна“

слика
(слика)
[[Податотека:USS Maine entering Havana harbor HD-SN-99-01929.JPEG|right|thumb|300px|Бродот Мејн, три недели пред експлозијата во заливот [[Хавана]], фотографирано на [[25 јануари]] [[1898]] година]]
'''Шпанско-американска војна''' во [[1898]] година произлегла од настаните во [[Куба]], која заедно со [[Порторико]] претставувала практично сè што останало од некогаш огромната шпанска американска империја. Кубанците се спротивставиле на шпанското владеење уште во [[1868]] година, но иако многу Американци ги симпатизирале Кубанците, Соединетите Држави не интервенирале. Но, во [[1895]] година, „жолтиот печат“ на [[Вилијам Рандолф Херст]] и [[Џозеф Пулицер]], кои биле обземени од бескрупулозната меѓусебна борба за тираж во [[Њујорк]], почнале накитено да известуваат, и создале впечаток дека Шпанците ги извеле сите свирепости во Куба.<ref>Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 458, Штрк, 1999.</ref> Емигрантите на [[Куба]] во [[САД]] ѝ давале поддршка на Кубанската револуционерна партија (чиј штаб бил во [[Њујорк]]) и помогнале да се прослави нивниот лидер, [[Хозе Мартин]], кој бил убиен во Куба во [[1895]] година. Подоцна, Американците формирале клубови за поддршка на каузата на [[Cuba Libre]] (Слободна Куба).