Разлика помеѓу преработките на „Шпанско-американска војна“

+
(нова)
 
(+)
'''Шпанско-американска војна''' во [[1898]] година произлегла од настаните во [[Куба]], која заедно со [[Порторико]] претставувала практично сè што останало од некогаш огромната шпанска американска империја. Кубанците се спротивставиле на шпанското владеење уште во [[1868]] година, но иако многу Американци ги симпатизирале Кубанците, Соединетите Држави не интервенирале. Но, во [[1895]] година, „жолтиот печат“ на [[Вилијам Рандолф Херст]] и [[Џозеф Пулицер]], кои биле обземени од бескрупулозната меѓусебна борба за тираж во [[Њујорк]], почнале накитено да известуваат, и создале впечаток дека Шпанците ги извеле сите свирепости во Куба.<ref>Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 458, Штрк, 1999.</ref> Емигрантите на [[Куба]] во [[САД]] ѝ давале поддршка на Кубанската револуционерна партија (чиј штаб бил во [[Њујорк]]) и помогнале да се прослави нивниот лидер, [[Хозе Мартин]], кој бил убиен во Куба во [[1895]] година. Подоцна, Американците формирале клубови за поддршка на каузата на [[Cuba Libre]] (Слободна Куба).
 
==Започнување на војната==
Кога во [[1897]] година претседател станал [[Мек Кинли]], официјално протестирал против „нецивилизираното и нехумано“ однесување на шпанската влада во Куба. Но мирното решение и немешањето на Америка исчезнале после два драматични инцидента во [[февруари]] [[1898]] година. Првиот инцидент бил кога еден кубански агент во [[Хавана]] украл приватно писмо напишано од шпанскиот претставник во [[Вашингтон]], Дупуј де Лом, и го предал на американскиот печат. Во писмото Мек Кинли бил опишан како „слабак и лицитант за обожавање на масата“. Ова не било полошо од она што го зборувале самите Американци за својот претседател. На пример, [[Теодор Рузвелт]] го опишал Мек Кинли како „човек кој нема повеќе ’рбет од чоколаден еклер“, но бидејќи доаѓало од странец, предизвикало јавен бес.<ref>Ален Бринкли, Историја на САД, стр. 459, Штрк, 1999.</ref>
 
 
Војната објавена во [[април]], била готова во [[август]], па државниот секретар Џон Хеј ја нарекол „блескава мала војничка“, мислење кое го имале повеќето Американци, освен самите војници што се бореле во неа. Во борбите загинале само 460 Американци, но од зарази умреле 5200 војници.
 
===Филипинската војна===
Конфликтот на [[Филипини]]те е најмалку запаметена од сите американски војни, иако била една од најдолгите (траела од [[1898]] до [[1902]] година) и една од најсуровите. Биле ангажирани 200.000 американски војници, а загинале 4300 во борба. Бројот на Филипинци убиени во војната сè уште е спорен, но веројатно е дека загинале најмалку 50.000 домородци.
 
Филипинците се бунеле против шпанското владеење и пред 1898 година, а кога сфатиле дека Американците дошле за да останат, се побуниле и против нив.
 
==Референци==