Википедија:Критериуми за брзо бришење: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: id:Wikipedia:Penghapusan cepat
с + неколку викиврски
Ред 6:
'''Критериумите за брзо бришење''' ги определуваат посебните случаи каде [[Википедија:Администратори|администраторите]] можат да избришат страници од Википедија, слики или мултимедијални содржини без претходна дискусија. Не-администраторите можат да побараат бришење преку додавање на шаблонот <tt>{{tlx|бб|некоја причина}}</tt>. Во овој контекст, „брзо“ се однесува на едноставниот процес на донесување на одлука, а не на периодот на време од создавањето на статијата/содржината.
 
Оваа страница ги содржи критериумите за брзо бришење. Бришењето не е секогаш опција кога една страница ги исполнува овие критериуми. Пред да номинирате статија за брзо бришење, размислете дали може да се подобри, да се редуцира до никулец, да се премести или [[Помош:Пренасочување|пренасочи]] некаде или да биде средено со друга постапка различна од бришењето. Откако ова е можно, брзото бришење е најчесто непотребно. Некои корисници ги градат статиите преку повеќе уредувања, затоа не ги бришете страниците рано во нивното создавање доколку имаат потенцијал. Корисниците кои номинираат страница за бришење мора да определат кој критериум го исполнува. Иако не е барано, освен за проблеми со авторски права, љубезно е да се извести создавачот со добри намери и поголемите придонесувачи дека ги номинирате статиите за бришење.
 
__TOC__
Ред 15:
# <span id="ОП1"/>'''Материјал без смисла''' - страница чија содржина е непоправливо нелогична, без некој контекст кој има значење. Овде не се вклучува лош стил на пишување, материјал кој не е на македонски, вандализам, измислен материјал, слабо преведен материјал, неможни теории; иако некои од нив, сепак, можат да бидат избришани како вандализам во очигледни случаи.
# <span id="ОП2"/>'''Тест страници.''' Страници создадени од неискусни уредувачи како резултат на проби. Тестирањето е дозволено во [[ВП:ПЕСОК|песокот]] и во сопствениот кориснички простор.
# <span id="ОП3"/>'''Чист вандализам'''. Ова вклучува експлицитен вандализам и очигледни лажни информации и [[Помош:Пренасочување|пренасочувања]] создадени преку чистење на вандализирање-преместување на статии.
# <span id="ОП4"/>'''Повторно создавање на избришан материјал'''. Копија, под било кој наслов, на страница претходно избришана преку дискусија за бришење, во случај каде копијата е доволно идентична на избришаната верзија и при ненаведување на причини зошто материјалот е повторно создаден.
# <span id="ОП5"/>'''Блокиран корисник'''. Страници создадени од блокирани корисници во прекршување на нивниот блок, без поголеми уредувања од други корисници.
Ред 27:
Овие критериуми важат за главниот именски простор. Кратенка за некој критериум - СТ# (на пример, СТ3 значи критериум за статии број 3).
# <span id="СТ1"/>'''Без контекст'''. Премногу кратки статии кои не ја разјаснуваат доволно темата на статијата. На пример: „''Тој е смешен човек со црвена шапка. Тој ги развеселува луѓето.''“ Контекстот се разликува од содржината, видете подолу СТ3.
# <span id="СТ2"/>'''Без содржина'''. Било која статија (освен страници за [[Помош:Пренасочување|пренасочување]] или појаснување) која се состои само од инфокутија и/или надворешни врски, ознаки за категорија, интервики врски и „видете исто така“ секции, повторување на насловот
# <span id="СТ3"/>Статија за вистинско лице, организација (бенд, клуб, компанија итн.) или веб-содржина која '''не индицира зошто темата е важна или позната'''. Ова е различно од прашања за проверливоста или веродостојноста на изворите, туку за непостоењето на индикатор кој покажува дали темата е доволно важна за да добие сопствена енциклопедиска статија.
# <span id="СТ4"/>'''Трансвикифицирани статии''' - статии чија содржина е преместена во Викиизвор или Викиречник. Нивната содржина е правилно преместена, а авторските информации се забележани.