Непарнокопитни: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Непарнопрсни преместена како Непарнокопитни: ОВа е традиција
Додаток
Ред 33:
* †[[Amynodontidae]]
}}
'''Непарнопрсните''' копитари или '''непарнокопитните''' цицачи го образуваат редот ''Perissodactyla''. Тоа се мошне големи копнени [[растенојад]]и. Тука припаѓаат [[коњ]]ите, [[тапир]]ите и [[Носорог|носорозите]]. Името го добиле по присуството на непарен број на прсти на секое [[копито]]. Овие животни имаат релативно едноставен [[желудник]] и голем среден прст. За разлика од [[парнопрсни]]те копитари, овие ја дигерираат [[целулоза]]та во [[Дебело црево|дебелото црево]] наместо во својот желудник.
 
== Морфологија ==
Ред 40:
 
Непарнопрсните покажуваат голема разновидност во големината на телото и неговата форма. Најмал вид е [[Планински тапир|планинскиот тапир]] (''Tapirus pinchaque''), кој тежи 220 kg. Најголем вид е [[Бел носорог|белиот носорог]] (''Ceratotherium simum''), кој тежи преку 3,500 kg. Кај многу видови возрасните мажјаци се поголеми од женките, додека кај некои тапири случајот е обратен.
 
== Еволуција ==
 
И покрај изобилството на [[фосил]]ни докази, филогенијата на непарнокопитните не е добро разјаснета, и тоа како во рамките на редот, така и во односите со другите цицачи. Непарнокопитните, како и парнокопитните, потекнуваат од ''[[Пракопитари|Condylarthra]]'' (пракопитари), група која ги содржела доминантните мамалиски растенојади во раниот [[Палеоцен]] (пред околу 65 милиони години). Пракопитарите се сметаат за претци и на многу други групи од цицачи. И покрај малите сличности меѓу коњите и [[Крава|кравите]], носорозите и [[Хипопотамиди|нилските коњи]], тапирите и [[Свиња|свињите]], првиот член од секој од наведените парови припаѓа на непарнокопитните, а вториот на парнокопитните цицачи. Сличностите меѓу нив се должат најмногу на [[конвергентна еволуција]]. Меѓутоа, анализите на [[Митохондрија|митохондриската]] [[ДНК]] укажуваат на тоа дека непарнокопитните би требало да се класифицираат во [[клад]] заедно со ''[[Панголин|Pholidota]]'', ''[[Ѕверови|Carnivora]]'' и ''[[Cetertiodactyla]]'' (''[[Парнокопитни|Artiodactyla]]'' и ''[[Кит|Cetacea]]''). Најстарите непарнокопитни фосили потекнуваат од раниот [[Еоцен]] (пред околу 50 милиони години). Во ова време биле присутни 14 фамилии. Во оваа епоха, непарнокопитните биле доминантни копитари. При крајот на Олигоцен (25 милиони години), осум фамилии изумреле. Во раниот Миоцен останале само тапиридите, риноцеротидите, еквидите и фамилијата ''[[Chalicotheriidae]]''. Последната фамилија содржела необични копитари со големи предни и кратки задни екстремитети прилагодени за стоење во полуисправена положба, погодна за исхрана со листовите од високи дрвја. Со намалувањето на видовиот состав на непарнокопитните, парнокопитните станале доминантни.
 
== Систематика ==
 
Сите видови од овој ред се групирани во два подреда:
 
* '''''Hippomorpha''''' се непарнокопитни чии денешни претставници се брзи трчачи со долги нозе и со само еден прст. Единствената преживеана фамилија од овој подред е ''[[Equidae]]'' (чиј единствен преживеан род е ''Equus'') која го содржи коњот, [[зебра]]та, [[магаре]]то, [[кулан]]от и нивните сродници. Изумрените носороговидни [[бронтотери]] се исто така вклучени во овој подред. И двете фамилии најверојатно потекнале од [[палеотери]]те.
* '''''Ceratomorpha''''' имаат неколку функционални прсти. Тие се потешки и се движат побавно од ''Hippomorpha''. Овој подред вклучува две денешни фамилии: ''Tapiridae'' (тапири) и ''Rhinocerotidae'' (носорози). Изумрените [[халикотери]] би можеле да припаѓаат на овој подред.
 
Трите преживеани фамилии на непарнокопитни се класифицирани на следниот начин:
 
* '''Ред Perissodactyla'''
** '''Подред Hippomorpha'''
*** '''Фамилија [[Equidae]]''': коњи и нивни сродници, 10 вида во еден ред
**** [[Див коњ]], ''Equus ferus''
***** [[Тарпан]], ''Equus ferus ferus''
***** [[Пржеваљски коњ]], ''Equus ferus przewalskii''
***** [[Коњ|Домашен коњ]], ''Equus ferus caballus''
**** [[Африкански див коњ]] ''Equus africanus''
**** [[Кулен]] или азиски див коњ, ''Equus hemionus''
**** [[Кианг]] или тибетски див коњ, ''Equus kiang''
**** [[Рамнинска зебра]], ''Equus quagga''
**** [[Планинска зебра]], ''Equus zebra''
***** [[Зебра од планината Кејп]], ''Equus zebra zebra''
***** [[Хартманова планинска зебра]], ''Equus zebra hartmannae''
**** [[Гревиева зебра]], ''Equus grevyi''
** '''Подред Ceratomorpha'''
*** '''Фамилија [[Tapiridae]]''': тапири, 5 вида во еден род
**** [[Бразилски тапир]], ''Tapirus terrestris''
**** [[Планински тапир]], ''Tapirus pinchaque''
**** [[Бирдов тапир]], ''Tapirus bairdii''
**** [[Малајски тапир]], ''Tapirus indicus''
**** [[Црн џуџест низински тапир]], ''Tapirus pygmaeus'' (validity questionable)
*** '''Фамилија [[Rhinocerotidae]]''': носорози, 5 вида во 4 рода
**** [[Црн носорог]], ''Diceros bicornis''
**** [[Бел носорог]], ''Ceratotherium simum''
**** [[Индиски носорог]], ''Rhinoceros unicornis''
**** [[Јавански носорог]], ''Rhinoceros sondaicus''
**** [[Суматрански носорог]], ''Dicerorhinus sumatrensis''
 
[[Категорија:Цицачи]]