Асцидии: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 26:
 
Телото секогаш е прекриено со теста (или туника), заштитен слој составен од супстанца слична на [[целулоза]]та. Оваа обвивка се секретира од епителот и може да е бистра или светло обоена (како кај пацифичкиот вид ''[[Halocynthia aurantium]]''), или да биде прекриена со различни видови на боцки (како кај северната ''[[Boltenia echinata]]''). Таа може да содржи и варовников материјал, како што е случај со снежнобелата ''[[Bathypera ovoida]]''.
[[Слика:Ascidias.jpg|thumb|left|200px|Асцидија ''[[Halocynthia]]'' sp.]]
 
Телесните [[мускул]]и најчесто се поредени во напречни и надолжни слоеви. Понекогаш тие се бројни, дебели и силни, при што образуваат цврст мускулест ѕид, но кај повеќето видови мускулите се претставени само со неколку тенки фибрили. Постојат два отвора на телото: орален или бранхијален (жабрен) отвор и атријален отвор. Понекогаш овие отвори се сместени на краевите од сифони со различна должна, при што атријалниот сифон е секогаш дорзално од бранхијалниот (орален) сифон. Оралниот сифон води во голема голтка наречена ''жабрена торбичка''. Таа опфаќа најголем простор во телото на солитарните асцидии. Просторот во жабрената торбичка е жабрената празнина, додека просторот меѓу жабрената торбичка и телесниот ѕид ја претставува атријалната празнина. Таа се отвора во надворешноста преку атријалниот сифон; жабрената и атријалната празнина се исполнети со морска вода. Морската вода, заедно со хранливите честички и [[кислород]]от, се повлекува во жабрената торбичка преку бранхијалниот (жабрен) сифон и со кружно распоредените усни пипала. Таа поминува од жабрената во атријалната празнина преку многу цепнатинки на ѕидот од жабрената торбичка, додека хранливите честички се заробуваат. Потоа, исфилтрираната вода излегува од телото преку атријалниот сифон.
[[Слика:Ascidias.jpg|thumb|left|200px|Асцидија ''[[Halocynthia]]'' sp.]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Асцидии