Констанциј II: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: th:จักรพรรดิคอนแสตนติอัสที่ 2; козметичке промене
Нема опис на уредувањето
Ред 9:
починал-место=[[Киликија]] |
}}
'''Флавиј Јулиј КонстантијКонстанциј''' ([[Латински јазик|лат.]]Flavius Julius Constantius), (7 август [[317]]- 3 ноември [[361]] год.) е [[Византија|византиски]] император, вториот син на [[Константин Велики]] и Фауста. Во [[324]] година е прогласен за [[цезар]]. Во [[337]] година империјата е поделена и тој е прогласен за управник на [[Азија]] и [[Египет]], или истокот на империјата. Пред таа поделба ги убил сите машки наследници од вториот брак на татко му со Теодора, оставајќи ги браќата [[Константин II (владетел)|Константин II]],[[Констанс I]] и братучедите [[Гал]] и [[Јулијан Отпадник|Јулијан]]. По смртта на неговиот брат [[Констанс I]], [[350]] година, Константиј прогласил Гал за цезар на западот.
 
== Војни ==
На исток започнала тешка борба со персите од [[Сасанидската Империја]] под водството на [[Шапур II]]. Во тие борби КонстантијКонстанциј не бил доволно енергичен, кои главно биле за месопотамските тврдини. За среќа на римјаните, персите била нападнати од [[Хионити|хионитите]]. Сите борби завршиле лошо за римјаните, најповеќе таа кај Сингара, каде поради лошата дисциплина на војската испуштиле речиси добиена победа. [[350]] година генералот [[Ветраниј]] се прогласил за император. При средбата на двете војски кај [[Сердика]], Константиј со силата на своите зборови ја натерал целата војска на противникот да премине на негова страна. Ветраниј бил разрешен, но од почит кон неговата возраст оставен жив.
 
Дури во [[351]] година го победил узурпаторот [[Магнетиј]] во [[Битка кај Мурса|битката кај Мурса]]. Победен наново во [[353]] година Магнетиј извршил самоубиство, а нешто по тоа Константиј го убил и Гал. На тој начин станал господар на целата Римска империја. Се јавиле нови проблеми на границата со германските племина и бидејќи зафатен со војната на исток, го прогласил [[Јулијан Отпадник|Јулијан]] за цезар, кој успеал да ги порази напаѓачите. [[358]] година започнала војна со [[Сармати|сарматите]]. Есента, кога [[Дунав]] бил полн, римјаните ја преминале реката и нападнале на противникот. Сарматите биле поразени и побегнале, а по нив биле поразени и [[Квади|квадите]], кои им дошле на помош. Накрај биле растурени и [[Лимиганти|лимигантите]]. Со тоа била заштитена дунавската граница и запрена наездата на барбарски племиња.
 
Во наредната година наново започнала војната со персите и КонстантијКонстанциј се преместил во [[Константинопол]], за да биде поблизу до борбите. Во [[360]] година дознал дека германските легиони го прогласиле [[Јулијан Отпадник|Јулијан]] за император. Константиј се нашол во тешка состојба, зашто не можел да го прекине подготвуваниот поход против персите и преку [[Ерменија]] навлегол во [[Месопотамија]]. Римјаните опсадиле [[Безабда]], но никако не успеале да го заземат градот и по неуспехот се повлекле во [[Антиохија]]. Есента на [[361]] година персите се повлекле и Константиј се кренал на војна со [[Јулијан Отпадник|Јулијан]]. Но по патот се разболел и малку пред да умре прогласил [[Јулијан Отпадник|Јулијан]] за негов наследник.
 
== Религија ==
[[Податотека:147 Constantius II.jpg|thumb|left|250px|Монета на КонстантијКонстанциј II]]
Неговот владеење било триумф за [[арианство]]то. Смртта на [[Констанс I]] оставила православното христијанство без заштитник и Константиј слободно ги покажал своите симпатиј кон арианството. На црковниот собор во [[Милано]] [[356]] година, [[св. Атанасиј]] бил избркан од [[Александрија]]. Во тоа време црквата се наоѓала речиси во состојбаа ѓраѓанска војна. Наедно со тоа Константиј ги бркал и паганските култови, забранувајќи ги жртвувањата.