Венсенска Шума: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова статија
(нема разлика)

Преработка од 13:30, 23 јуни 2009

Координати: 48°49′41.05″N 2°25′58.50″E / 48.8280694° СГШ; 2.4329167° ИГД / 48.8280694; 2.4329167

Винсенската шума или на француски Bois de Vincennes е парк во англиски стил во источниот дел на Париз. Паркот го носи името по градот Винсенкој се наоѓа во близина.

Езерото
Хиподромот во Винсен

Оваа шума е дел од 12-тиот арондисманво Париз.

Подрачјето зафаќа површина од 9.947 km² (или 2,458 акри), што е речиси трипати пошироко од Централ Парк во Њујорк, и четири пати пошироко од Хајд Парк во Лондон.

Историја

Во минатото паркот бил ловиште за француските кралеви, а потоа, после Француската Револуција станал место на кое се правеле воени вежби. Во јавен градски парк се претворил за време на Наполеон III во 1860.

Паркот официјално станал дел од градот Париз во 1929.

Знаменитости

 
Високата кула на Винсенскиот замок

На северниот крај на Винсенската шума се наоѓа Винсенскиот замок, кој бил омиленото второ живеалиште на многу француски кралеви во 14-от век.

Шумата се користи денес и за спортски активности. Во источниот дел се наоѓаат Винсенскиот хиподром и велодром а воедно и Францускиот институт за спорт и физичко образование.

Во западниот дел се наоѓа зоолошка градина.

Езера

На подрачјето на Винсенската шума се простираат 4 езера, напојувани со вода од реката Марна:

  • Езерото Домезнил, на запад, со површина од 12 хектари, на кое има два острова
  • Езерото Миним, на североисток, со површина од 6 хектари и 3 острови
  • Езерото Сен-Манде, на северозапад
  • Езерото Гравел, на југозапад, со површина од 1 хектар.

Надворешни врски