Википедија:Почетен курс (Не заборавајте): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
=''' Францускиот референдум за Европскиот устав одржан во 2005 годинa ='''
 
Од Википедија, слободна енциклопедијa
Ред 11:
 
 
=== Кампања ===
 
Одлуката на [[ претседателот Жак Ширак]] за одржување на референдум до одреден степен се смета дека е донесена под влијание на изненадната најава дека и [[ Обединетото Кралство ]] ќе одржи вакво гласање. Исто така доста се коментираше дека очекуваната лесна победа ќе биде израз на доверба во претседателот. Сепак тоа би направило толку многу за да го зацементира неговиот спомен како француски државник. Иако прифаќањето на Уставот првенствено беше замислено како “рутинска“ вежба без потреба да добие популарност на глас, се зголеми бројот на земјите – членки на ЕУ коишто најавија дека имаат намера да одржат референдум, така што француската влада беше под притисок и мораше да ги следи останатите.
Како датум за одржување на референдумот беше најавен 4 март 2005 година. [[ Анкетите за оценување на јавното мислење]] покажаа дека кампањите ЗА и ПРОТИВ водеа во различни периоди, но во седмиците пред референдумот кампањата ПРОТИВ беше водечка. Ова наведе многумина, дури и некои од кампањата ЗА, јавно да предвидат дека Франција ќе го одбие Уставот.
 
=== Социјалистичката партија гласаше со заземен став ===
 
На 1 декември 2004 година опозициската [[ Социјалистичка партија]] одржа гласање само за своите членови со цел да го одреди ставот којшто ќе го заземе по ова прашање. Проблемот со Уставот предизвика големи поделби во Партијата, меѓу членовите , иако повеќето беа на страната на европските интеграции, а останатите се противеа на Уставот од следниве причини коишто го вклучуваат недостатокот на демократска отчетност и заканата којашто сметаа му се заканува на европскиот социјален модел. Фракцијата ЗА беше предводена од лидерот на партијата [[Франсоа Холан]], а фракцијата ПРОТИВ беше предводена од заменикот на партијата [[ Лорен Фабиус]]. Од 127 027 членови кои имаат право на глас, 59% гласаа ЗА при излезност од 79%. Од 102 регионални претставништва на Социјалистичката партија, 26 гласаа ПРОТИВ.
 
=== Амандман кон францускиот устав ===
[[ Уставниот совет на Франција]] утврди дека Европскиот устав не може законски да коегзистира со сегашниот [[ Устав на Франција]]. Заради таа причина изгласано беше да се измени Уставот на Франција со цел да се направат овие два документа компатибилни.
Амандманот беше изгласан на 28 февруари 2005 година во невообичаена [[ заедничка седница на пратениците и сенаторите]] во [[Версајската палата]] со 730 гласа за, 66 против и 96 воздржани. И владеачката партија и Социјалистите го поддржаа уставниот амандман. Членовите на [[ Комунистичката партија]] беа единствените кои гласаа против него.
 
=== Анкети на јавното мислење и текот на кампањата ===
 
Првичните анкети на јавното мислење покажаа јасна предност во полза на Уставот, но спротивното мислење на јавноста во врска со ова прашање се зголемуваше со текот на времето. До мај водството на кампањата „за“ беше помало отколку можноста за грешка предвидена во анкетата на јавно мислење.
Ред 32:
Имаше и проминентни противници на Уставот од десницата посебно [[Никола Дупон Агнан]] ([[Галист]]) и [[Филип де Вилиер]] (од [[Движењето за Франција]]), и од екстремната десница [[Жан – Мари Ле Пен]] од [[Националниот фронт]] кој се противеше на Уставот од причини што Франција не треба да биде дел од која било институција чиишто одлуки ќе преовладуваат над одлуките што се донесени во Франција на национално ниво. Друг фактор за одбивање на Уставот можеби беше тоа што гласачите беа наведени да мислат дека постои можност [[Турција да пристапи кон ЕУ]] со што не се согласува мнозинството од француското население.
 
===Последици===
Можните последици од гласањето против Уставот беа многу дебатирани во Франција пред одржувањето на референдумот и сега се прашање на шпекулација во Европа. Поддржувачите на Уставот вклучувајќи го и претседателот [[Ширак]] тврдеа дека позицијата на Франција во Европа беше значително ослабната.
Поддржувачите на кампањата против Европскиот устав (како и тие што воопшто не ја поддржуваа ЕУ) сметаа дека Уставот треба да биде повторно ставен на преговори. Припадниците на кампањата против Уставот посебно проминентниот социјалист [[Лорен Фабиус]] ова го означија како [[План Б]] – некои новинари се сомневаа дека зад овој став се крие ''Британскиот план'' или ''Планот Блер''. Припадниците кон кампањата за Уставот тврдеа дека не постои План Б и дека Европскиот проект може да биде ставен во мирување најмалку 10 години.
Ред 40:
Саркози беше избран за [[претседател на Република Франција]] во мај 2007 година. Меѓу неговите цели се повторното преговарање и ратификација на Договорот без одржување референдум.
 
===Надворешни линкови:===
*[http://democracy-international.org/monitoring.html Monitoring report evaluating the fairness of the referendum campaign]
*[http://www.interieur.gouv.fr/avotreservice/elections/rf2005/000/000.html Official results] from the Ministry of the Interior