Анархистички комунизам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
интер вики
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Анархистичкиот комунизам''' е форма на [[анархизам]] што предлага напуштање на државата и капитализмот во однос на хоризонтална мрежа на доброволни асоцијации каде што секој и секоја ќе биде слободен и слободна да ги задоволи сопствените потреби.
 
Анархистичкиот комунизам е исто така познат и како анархокомунизам, комунистички анархизам или понекогаш слободарски комунизам. Сепак, додека сите анархокомунисти се слободарски комунисти, некои од слободарските комунисти, како на пример советничките комунисти, не се анархисти. Тоа што го разликува анархистичкиот комунизам од варијантите на слободарскиот комунизам е во спротивставувањето на сите форми на политичка моќ, хиерархија или доминација.