Додола: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
'''Додоле''' е обедна игра чии магиски елементи требале да предизвикаат дожд. Додоле е игра во која учествуваат само девојки, најчесто млади девојчиња (5-10 години) бидејќи обредните правила барале потполна невиност. Девојките оделе облечени во стара облека, најчесто испокината, на главата носеле венци од трева, жито и цвеќе, а во рацете букети цвеќе со кои прскале вода по дворовите. Меѓу девојките е избирана главната додола, најчесто сираче, која се соблекувала и врз себе фрлала цвеќе и трева. Главната додола танцувала пред секоја куќа, а останатите девојки кое оделе поредени две по две пееле додолски песни:
 
<poem><i>
дарувајте додолето,
додолето сирачето,
Ред 8 ⟶ 9:
да наводи рамно поле,
да си роди бериќетот!
</i></poem>
 
Обраќањето на додолките најчесто се однесувало на бога кому му била упатена молитвата:
 
<poem><i>
додолица бога моли,
ој додоле, мили боже,
дај ни, боже ситна роса, да нароси редом поле...
</i></poem>
 
По пеењето домаќинката ги прскала девојките со вода и им дарувала брашно, волна, сланина, пари, но никогаш јајца, бидејќи се верувало дека тогаш би паѓал град. Некаде добиеното брашно го носеле кај вдовица која правела бакрдан (качамак) кој го јаделе врз чинија свртена наопаку, а од која претходно е истурена вода, некаде вдовицата правела обреден леб кој додолките го кршеле врз главата на главната додолка. По завршување на обредот со заедничкиот ручек на додлките, тие ги фрлале венците и букетите во река. Во некои краишта додолките го изведувале обредот по нивите, а некаде се капеле во реката по завршениот обред.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Додола