Битка кај Куманово (1912): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна корекција
с Правописна корекција
Ред 49:
Потоа, околу 10.30 часот на помош на [[Дунавска дивизија од првиот повик|Дунавската дивизија од првиот повик]] ѝ пристигнала [[Дунавска дивизија од вториот повик|Дунавската дивизија од вториот повик]]. [[Дринска дивизија|Дринската дивизија]] го продолжила настапувањето и со поддршка на артилериски оган ја принудила [[17. низамска дивизија]] на отстапување. Околу 12.30 часот, Дринската дивизија го зазела [[Ѕебрњак]] и го продолжила настапувањето кон [[Голем Рид|Големиот Рид]], загрозувајќи го левото крило на 5. корпус. Со овој напад бил пробиен фронтот на турската [[Вардарска армија]]. Околу 15 часот почнале да се повлекуваат сите турски дивизии, што значело дека Кумановската битка била завршена. Таквиот исход српската [[Врховна команда]] не го знаела. Таа и понатаму претпоставувала дека главниот судир ќе се води на [[Овче Поле]]. Поради тоа, наместо да го продолжат гонењето, српските сили напредувале само до караулата [[Бучар Хан]] кај село [[Бучинец]], на околу 15 км од Куманово кон [[Скопје]], каде што се сместил штабот на Првата. армија и подготвувала план за опколување и освојување на Скопје.
 
Во исто време и командантот на коњаничката дивизија ([[Арсен Караѓорѓевиќ]]) го упатил 3. коњанички полк кон [[ЗебрњакЅебрњак]], а 2. полк кон [[Голубица]] за да ја извидат состојбата. Тие се судриле со силна турска војска и се повлекле зад позициите на Дунавската дивизија од Првиот повик. Вториот баталјон на 18. полк ненадејно поради маглата се судрил со претходницата на 17. Низамска дивизија и бил целосно разбиен. Командантот на 4. баталјон од 18. полк самоиницијативно тргнал на помош, но и тој бил разбиен од 13. низамска дивизија. Тоа создало тешка криза кај Дунавската дивизија, бидејќи на позициите јужно од [[Куманово]], кај [[Страцин]] се наоѓал само еден баталјон од 18. полк, а против него напаѓале две турски дивизии. Меѓутоа, турските сили не ја искористиле својата надмоќ.
 
[[Зеки-паша]] ги прекинал натамошните напади и наредил Штипската редифска дивизија (од армиската резерва) да је премине [[Пчиња (река)|Пчиња]] и да изврши опфат на левото крило на Дунавската дивизија преку Сртевица, а 7. корпус да изврши посилен демонстративен напад кон десното крило на Првата. армија. Српската команда ги насетила намерите на [[Зеки-паша]] и навреме упатила соодветни сили да ги спречат турските пробиви. Ноќта на 23-24 октомври двете страни останале на позициите близу едни до други. Додека на левото крило се воделе жестоки борби, истиот ден на десното крило коњаничкиот полк на Моравската дивизија од Првиот повик при извидувањето на правецот село [[Ваксинце]]-село [[Слупчани]] бил нападнат со силен оган од артилеријата на турскиот 7. корпус, па морал да се повлече. Поради тоа, Моравската дивизија ги зазела позициите. Таа добила наредба да остане во одбрана, меѓутоа околу 16 часот самоиницијативно извршила противнапад.