Уставно право: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1:
'''Уставно право''' е изучувањето на основачките [[закон]]и кои важат за опсегот на власта и авторитетот на разни органи во врска со создавањето и извршувањето на други закони од страна на [[влада]]та. [[Устав]]от важи за влада или влади, ограничувајќи го контекстот во рамките на кој се создаваат правила, толкување на истите како и примената на сила во случај на нивно кршење. Уставите може да се однесуваат на разни органи како организации, здруженија, [[апатрид]]и и [[национална држава|национални држави]].
Најчесто уставното право е правото на овие основачки закони, обичаи и практики кај националните држави. Не сите национални држави имаат устав, иако сите држави имаат ''[[јус комуне|jus commune]]'', општо право или закон на земјата, кој се состои од разни императивни и консензуални правила, кои можат да бидат вообичаени закони, усни или писмени закони кои важат за разни јурисдикции на една таква држава. ТИе национални држави кои имаат устав, не сите се сметаат да строго напишани устави, бидејќи законите за такви случаи немора да бидат соединети во еден устав како документ или инструмент. Уставното право може да биде фактот на толкување на разни текстови кои може да влечат нешта од историјата, овичаите или непишани практики. На пример [[Британско уставно право|британското уставно право]] доаѓа од разни извори меѓу кои [[Магна Карта]], [[општо право|општото право]] како и други вообичаени извори. Во некои земји, уставот се нарекува [[Основно право]].
Уставните закони често може да се сметаат за закони од втор ред или правила за правење на правила за управување. Во овој контекст една од клучните задачи на уставот е да назчачи хиерархии и сооднос на власта. Така, на пример во случајот на [[унитарна држава]], уставот е врховниот авторитет за една централна администрација, [[законодавство]] и [[правосудство]], иако често моќта се делегира на локалните власти. Додека уставот е основачкиот закон на една [[федерација]], тој ги назначува неколкуте нивоа на управување кои коегзистираат со исклучителни или заеднички афери на јурисдикција над законодавството, примената и извршувањето на истото.
==Видете исто така==
|