Оливие Месијан: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 2:

== Живот ==
Месијан се раѓа во фамилија полна со култура и посветена на уметноста. Неговата мајка уште пред да се роди Оливие напишала циклус на поеми кои Месијан подоцна ги користи за неговата музика. Неговиот татко Пјер, бил професор по англиски јазик и бил многу посветен на делата на [[Шекспир]]. Оливие од него го наследува талентот за јазици. Во [[1919]] целата фамилија се преселува во [[Париз]], каде Оливие се запишува на [[Конзерваториумот во Париз]] на исклучително рана возраст. Како професор по [[композиција]] го добива [[Пол Дика]] и [[Марсел Дипра]] по оргуљи и [[импровизација]]. Месијан тука се запознава и со [[метри]]те на [[Старогрчкитестарогрчките]] [[стихови]], кои подоцна ќе му станат специјалност, со [[фолклор]]от и со [[христијанските литургии]] кои ќе го "ковертираат кон [[модалната музика]]". Во овој период, Месијан се запознава со новата музика од [[Игор Стравински]], [[Артур Хонегер]], [[Даријус Мијо]], [[Виенската Школа]], но она што вистински ќе го инспирира е музиката на [[Клод Дебиси]]. Во [[1930]] се откажува од Конзерваториумот и станува оргуљист во [[Ла Трините]] во Париз. Ова искуство ќе остави силно влијание врз неговото творештво, кое има религиозна конотација. Во [[1932]] Месијан стапува во брак со виолинистката Клер Делбо, од која во [[1937]] го добива единственото дете Паскал. За нив, ја компонира ''[[Chants de terre et de ciel]]''. Како подарок на Клер по бракот, Оливие пишува ја пишува ''[[Poèmes pour Mi]]'' која е пример за ретката "не-илустративна" нео-класична музика, која станува една од главните музички движења во Париз во тој период. Од друга страна, истата година формира група заедно со [[Андре Жоливе]], [[Даниел-Лезур]] и [[Ив Бодрие]], со кои несомнено разменува мислења и влијанија, како и посетите на [[Едгар Варез]] и [[Вила-Лобос]] во Париз. Во 1936 започнува да предава во [[Ecole Normale de Musique]] и [[Schola Cantorum]]. Следната година ја пишува ''[[Fête des belles eaux]]'' за шест [[Мартенови Бранови]] (Ondes Martenot), каде за прв пат употребува електронски инструменти.
За време на [[Втората Светска Војна]] го регрутираат во воениот сервис и во [[1940]] го заробуваат како воен затвореник во [[Герлиц]], каде го компонира ''[[Quatuor pour la fin du temps]]'' и го изведува во воениот камп пред заробеници.
По ослободувањето започнува да предава [[хармонија]] на Конзерваториумот во Париз, каде како студенти ги има Пјер Булез, Серж Ниг и Ивон Лориод, која ќе стане негова нова љубов, по тешкиот период со неговата дотогашна жена која тешко ќе заболи и ќе почине во санаториум. Оваа нова љубов, Месијан ја искажува преку ''[[Visions de l'Amen]]'', ''[[Trois petites liturgies]]'', ''[[Vingt regards sur l'Enfant-Jésus]]'' од [[1944]], ''[[Turangalîla-symphonie]]'' од [[1948]], итн.
''Turangalîla'' е најголемо негово дело напишано дотогаш, за голем [[оркестар]] со соло [[пијано]] (изведено од Лориод) и мартенови бранови, нарачано од [[Кусевицки]] и изведено за прв пат од [[Леонард Бернштајн]]. И покрај масовноста на ова дело и комплицираноста при изведбата, ''Turangalîla'' го прославува на интернационално ниво.
По претставувањето на Виенската Школа на Булез и Ниг, Месијан подготвува дело каде [[додекафонијата]] ја применува врз ритмичките вредности. Ова дело, ''[[Mode de valeurs et d'intensités]]'', го пишува за време на неговите предавања во [[Дармштад]], каде значително ќе влијае врз музичката мисла на Булез и Штокхаузен.
Незадоволувајќи ја својата идеја да компонира илустративна музика, Месијан брзо го напушта серијалниот метод за да се посвети на нови мелодиско-хармонски инвенции. Неговиот интерес во орнитологијата ќе го искористи во неговата музика. Почнувајќи од Le merle noir за флејта и пијано, за прв пат ќе ги тестира пеењата на одредени птици при формализирањето на мелодиите, ритамот и хармонијата.