Герард Меркатор: Разлика помеѓу преработките

Додадени 15 бајти ,  пред 13 години
с
[непроверена преработка][непроверена преработка]
с (Бот Менува: uk:Герард Меркатор)
(с)
[[image:mercator.jpg|thumb|right|200px|Жерардус Меркатор]]
'''Жерардус Меркатор'''([[5 март]] [[1512]]-[[2 декември]] [[1594]]) бил [[Фламанци|фламански]] [[картограф]]. Роден е во [[Рупелмонд]] во источна [[Фландрија]]. Од [[1552]] живеел во [[Дуизбург]]. Познат е како првиот човек којшто го има претставено светот на [[географска карта]].
 
==Биографија и работа==
 
Жерардус Меркатор е роден како '''Герт Кремер''' или '''Жерард де Кремер''' во фламанскиот град Рупелмонд. Неговото презиме ''Меркатор'' по коешто е познат всушност е [[латинизација]] на неговото родно презиме што значи [[трговец]]. Се школувал во [[Ден Бош]] кај познатиот холандски [[хуманист]] [[Макропедиус]] на [[Левен универзитет|Левен универзитетот]]. Пред да се прослави како картограф Меркатор примал единствен приход работејќи како [[занаетчија]] со математички инструменти.Потоа тој се преселил во [[Левен]] каде што започнал да работи со [[Жема Фрисиј]] и [[Гаспар Мирика]]. Со нив работел од [[1535]] до [[1536]] на изработка на [[глобус]]. Во проектот тој немал улога на картограф,но сепак успеал да се наметне со своите способности. Во [[1537]] година тој нацртал географска карта на [[Палестина]], а потоа во [[1538]] на светот, а во [[1540]] и географска карта на [[Фландрија]]. За време на овој негов труд тој проучувал и една италјанска скрипта во која се содржани некои техники на копирање и цртањи на географски карти.
 
[[Image: MercatormapFullEurope16thcentury.jpg|thumb|left|300px|Географска карта на [[Европа]] изработена од Меркатор]]
Во [[1544]] се активирал како симпатизер на [[Протестантство|Протестантството]], па бил затворен и одлежал казна затвор од 7 месеци.
 
Во [[1552]] се преселил во [[Дуизбург]] каде што отворил картографска работилница.Во [[1554]] почнал да изработува шест плочи со географски карти на [[Европа]]. Неговите мотиви од Дуизбург не се потполно јасни. Меркатор можеби ја напуштил [[Холандија]] каде што претходно студирал и работел поради религиозни причини,но и со цел да најде универзитет каде што може да се вработи. Тој предавал математика во академското училиште во Дуизбург.
 
По изработката на уште неколку мапи до [[1564]] година Жерардус Меркатор во [[1569]] нацртал нова географска карта на светот на којашто ги обележал [[копно|копното]] и [[море|морињата]] со паралелни линии.
 
[[Image: Mercator World Map.jpg|thumb|right|300px|Географска карта на светот на [[Румолд Меркатор]], нацртана во [[1587]] по онаа на неговиот татко од [[1567]] (издадена во 1595)]]
Тој прв го употребил зборот [[атлас]] како збир на повеќе географски карти со што го охрабрил [[Абрахам Ортелиус]] да го изработи првиот атлас во [[1570]]. Во [[1578]] година Меркатор изработил и соипствен атлас којшто го изменил и дополнил во наредните години. Во [[1585]] година тој во атласот ги додал географските карти на [[Франција]], [[Германија]] и Холандија, а во [[1588]] додал и географска карта на [[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]]. Во [[1595]] по неговата смрт биле издадени уште неколку мапи од неговиот син [[Румолд Меркатор]].
 
Меркатор исто така изработувал и глобуси. Во тоа време изработката на глобуси била во подем, а глобусите главно се изработувале од [[дрво]] со коешто се формирало [[форма]] на [[топка]]. Меркатор при изработката на глобуси над дрвото лепел [[географски карти]] коишто ги сечел во средината со што бил обележан [[екватор|екваторот]]от. Тој ги сечел местата на географските картите со коишто биле обележани половите и така ги лепел на дрвото. При оваа изработка Меркатор користел и водени бои(акварел). Денес се сочувани 22 глобуси изработени од Жерардус Меркатор.
 
Меркатор починал во [[Дуизбург]] како благороден човек.Тој бил погребан во катедралата Сан Салваторе. Некои од неговите дела може да се видат во Дуизбург, а поголемиот дел се наоѓаат во [[музеј|музејот]] [[Синт Никлас]] во [[Белгија]].
 
==Надворешни врски==