Карлхајнц Штокхаузен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 5:
 
== Творештво ==
По влијанието на музиката Месијан и изучувањето на музиката на [[Антон Веберн]], во 1951 Штокхаузен ја пишува ''[[Kreuzspiel]]'' за [[обоа]], [[бас-кларинет]], [[пијано]] и 4 [[перкусионисти]] (по ревизијата во [[1959]], за 3 перкусионисти), каде јасната фрагментација на материјалот кореспондира со изборот на инструментите, техника типична за Веберн. Ова и многу други дела од овој период Штокхаузен ги третира како "прелиминарни", за да во 1953 ја компонира ''[[Kontra-Punkte]]'' кога почнува да ги нумерира своите композиции. Од оваа година, Штокхаузен се фокусира кон електронската музика со која ќе биде преокупиран во наредните 18 месеци и претставувајќи ја како иднината на музиката. После двете ''Elektronische Studien'', ја создава ''[[Gesang der Jünglinge]]'', кое ќе остане во историјата како прво [[електро-акустично]] дело. Паралелно со ова дело, Штокхаузен ги пишува ''Klavierstücke'', кои произлегуваат од искуството со првите електронски дела. Во овов циклус за пијано, искуствата од електронската музика се имплементирани врз начинот на компонирање за инструменти, употребувајќи за прв пат и техники презентирани од Џон Кејџ и пијанистот [[Дејвид Тјудор]], кому ќе посвети дел од циклусот. Веќе со ''[[Zeitmasze]]'' од [[1956]] и ''[[Gruppen]]'' за три оркестри, Штокхаузен излегува од строгиот сериализам, без никогаш целосно да го напушти, туку да го имплементира врз разни димензии во формата. Еден екстремен одговор на "отворените форми" на Кејџ е ''[[Klavierstücke XI]]'', каде пијанистот спонатноспонтано го одредува редоследот на 19 прецизно запишани фрагменти.