Карлхајнц Штокхаузен: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 2:
 
== Биографија ==
По завршувањето на [[Втората Светска Војна]], Штокхаузен се запишува во [[Средното Музичко Училиште во Келн]] и на [[Универзитетот во Келн]]. Во овој период учи композиција со [[Франк Мартин]]. Во [[1951]] по препорака на [[Херберт Ајмерт]] го посетува [[Курсот за Нова Музика во Дармштад]], каде се сретнува со студенти на [[Оливие Месијан]]. На летниот курс во [[Дармштад]], ја слуша композицијата [[''Mode de valeurs et d'intensités'']] на Месијан, која ќе остави импресии кај Штокхаузен. Во јануари [[1952]], оди во [[Париз]] на часови по композиција со Месијан и [[Дариус Мијо]]. Таму ќе се сретне со [[Пјер Булез]] и со [[Пјер Шефер]], кои ќе го запознаат со [[француската авангарда]] и ќе добие можност да ги користи студијата за [[конкретна музика]]. Тука ќе го оствари првото [[дело за лента]] ''Konkrete Etüde''. Во [[1953]] се враќа во Келн каде го отвара првото Студио за Електронска Музика во [[Германија]] под водство на Херберт Ајмерт. Подоцна добива стипендија за докторски студии по [[фонетика]] и [[теорија на комуникации]] со [[Вернер Мејер-Еплер]] при [[Универзитетот во Бон]]. Иако никогаш нема да ги заврши, овие студии ќе имаат огромно влијание врз неговите дела во [[1950-ти]]те години. Овие години ќе ги посвети на истражувања во електронската музика, кога и ќе се прослави како нејзин пионер, заедно со [[Луиџи Ноно]] и Пјер Булез, но и личности како [[Готфрид Михаел Кениг]], [[Франко Еванџелисти]], поетот [[Ханс Хелмс]], философот [[Хајнц-Клаус Мецгер]], визуелниот уметник [[Нам Џун Пајк]], [[Маурисио Кагел]] и [[Жерж Лигети]]. Од [[1956]], станува редовен предавач на Летната Школа по композиција во Дармштад. Во [[1958]], Штокхаузен го поканува [[Џон Кејџ]], што ќе предизика бурни реакции, поради радикално различниот пристап во компонирањето од веќе стандардизираниот европски сериализам. Тоа ќе го заинтригира Штокхаузен да отпатува во [[САД]], каде ќе се запознае со музичари како [[Корнеиус Кардју]] и [[Хју Дејвис]]. <br /> До раните [[1960-ти]], музиката на Штокхаузен ќе биде широко изведувана. Тие години ги користи за посети на различни места низ светот како [[Либан]] и [[Јапонија]], каде во [[1970]] на [[Светскиот Саем во Осака]], Штокхаузен и неговите изведувачи ќе имаат настапи секој ден во период од шест месеци, во специјално дизајнираниот сферичен аудиториум. 1960-тите години се познати како години кога неговата музика излегува од авангардните кругови, со надминувањето на [[Стравински]] во продажба на плочи за [[Дојче Грамофон]] и соработката со [[Битлси]] за албумот [[''Sgt. Pepper's'']].<br /> Од касните [[1970-ти]], се стабилизира во неговиот дом во Куртен, каде започнува да работи на едно од најамбициозните дела некогаш напишани од некој композитор, оперскиот циклус во седум дела ''Licht''. Оттука, следуваат прекинувањето на договорот со неговата издавачка куќа “Universal Edition”, за да ја отвори неговата “Stockhausen-Verlag”, која ќе ги издава сите негови партитури, носачи на звук, книги итн. Во последните 30 години од неговиот живот, Штокхаузен се фокусира кон создавање на своја група на изведувачи, со кои ќе го изведува циклусот ''Licht''.
 
== Творештво ==