Црнобог: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дуплиран текст
Ред 10:
 
Врз основа на овој запис, многу модерни митолози претпоставуваат дека, ако злиот бог е Црнобог, црниот бог, тогаш добриот е [[Белобог]], односно белиот бог. Меѓутоа, Хелмолд не го споменал Белобог во Хрониката, ниту пак е споменат во другите историски извори во кои се опишани боговите на словенските племиња и народи. Исто така, поверојатно е горнаведениот запис да е сопствено толкување на Хелмолд, отколку точен опис на словенските предмонотеистички верувања. Хелмолд не го знаел словенскиот јазик и затоа што бил христијански свештеник, не бил во допир со самите словени.
 
 
== Фолклор ==
 
Почитта кон ова божество најверојатно опстојала кај неколку словенски народи. Во неколку [[јужнословенски јазици|јужнословенски локални дијалекти]] постои интересна фраза: до зла бога (по ѓаволите) која се користи за да се изрази нешто крајно негативно. Никој веќе не го знае буквалното значење на овие зборови. Извикот: ''То је до зла бога глупо!'', може да се преведе како: ''По ѓаволите, ова е глупаво!'' Тоа е слично на модерната полска изрека „do jasnej cholery“, што буквално значи „до јасна колера“, а значењето е исто со старата изрека „до зла бога“. Меѓутоа, денес, во сите словенски јазици, зборот ''бог'' се користи за да се именува христијанскиот бог, кој не се смета за зол. Според тоа, изразот „зол бог“ е остаток од старите времиња. Ако претпоставиме дека Црнобог навистина бил зол и мрачен бог на старите словени (или можеби само зла форма на некое друго божество), можеме и да претпоставиме дека овој израз била стара клетва со која го повикувале овој бог.
Ред 21 ⟶ 19:
Црнобог бил божество на подземниот, долен свет, па според аналогија е окарактеризиран како црн, зол. За Црнобог единствениот поранешен запишан податок сренуваме кај Хелмолд кој опишувајќи една прослава на паганските Словени запишал дека сите пиеле од вино од еден пехар врз кој изговорале загадочни, таинствени, магични формули и им се молеле богот на доброто и богот на злото, на Црн бог/ ѓавол.
 
Во својата докторска дисертација д - р Нина Анастасова Шкрињариќ потенцира дека Црнобог претставувал божество а не демон од пониска категорија; класификацијата ‘зол’ таа ја толкува како неадекватна бидејќи според ‘природните религии’ боговите не се делат на добри и лоши, туку се едновремено и добри и лоши. Името црн никако не смее да ни укажува на зло. Според тоа името на Црнобог не потекнува од неговото зло или поистоветување со Ѓаволот како што било слободното толкување на Хелмолд, туку доаѓа од неговата област, долниот свет.
 
 
==Користена литература==
*Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN: 9989-918-97-X.
*Нина Анастасова - Шкрињариќ, „Словенска митологија’, 2004, Менора, Скопје, ISBN: 9989-932-75-1
 
== Популарна култура ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Црнобог