Индустриска сопственост: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Maja.m (разговор | придонеси)
Maja.m (разговор | придонеси)
Целосно избришана страница
Ред 1:
{{Викифицирање}}
{{Внимание}}
: Правото на индустриска сопственост е релативно нова правна дисциплина. Таа се развива со донесување на првите национални закони и со меѓународните конвенции- кои ја регулираат заштитата на индустриската сопственост на меѓународно рамниште, надвор од границите на една земја.
 
: Терминот индустриска сопственост потекнува од француското право, така што коренот на овој термин е содржан во текстот на првиот патентен закон во Европа, Францускиот закон за патенти од 1791 година.
 
: Поимот „право на индустриска сопственост“ или „индустриско право“ има повеќе значења: право на индустриска сопственост во објективна смисла; во субјективна смисла; како правна наука и како правна практика.
 
: Во објективна смисла правото на индустриска сопственост може да се дефинира како збир на правни правила коишто ги нормираат правните односи во поглед на интелектуалните творби на полето на индустријата.
 
: Правото на индустриска сопственост во субјективна смисла може да се дефинира како право на творецот на конкретна индустриска творба, на полето на индустријата, во однос на неговата творба признато со објективното право. Содржината на правото на индустриска сопственост во субјективна смисла зависи од правните правила на право на индустриска сопственост во објективна смисла.