Деловна етика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 86:
 
===''Организацијата''===
Ретко може етичкото или неетичкото дејствување на фирмите да биде припишано единствено на личните вредности на еден менаџер. Вредностите присвоени во организацијата се многу важни, особено кога разбираме дека повеќето луѓе се на второто ниво од моралниот развој што значи дека тие веруваат дека нивна должност е да ги остваруваат должностите и очекувањата од другите. Да ги земеме на пример менаџерите во сметководството во ЊордЦом што се распадна со скандал од 11 билионска измама.
 
==Дали етичкото однесување се исплаќа==
Етичкото однесување е вредно. Истражувачките студии покажуваат позитивна врска меѓу етичкото однесување и лидерската ефективност. Неетичкото однесување е штетно на повеќе нивоа. На општествено ниво, неетичкото однесување креира негативна слика за големиот бизнис. На пример, неетичкото однесување во Енрон и други компании, создава големи трошоци за многу организации и луѓе директно, но исто така штети на секој кој инвестира во берзански акции и на економијата во целина. На организационо ниво, Енрон не е веќе компанијата што беше а нејзиниот ревизор, Артур Андерсен, изгуби многу од своите клиенти и мораше да продава делови од бизнисот како резултат на неетичкото однесување. На индивидуално ниво, поранешниот главен извршен директор на Енрон Кенет Леи и другите, направија милиони од нивното неетичко однесување. Како и да е, овие врвни извршители веќе имаа направено милиони на чесен начин, а нивната подоцнежна неетичност ги фрли во затвор неколку години, а и многу е веројатно никогаш да не уживаат големи позиции некогаш.