Деловна етика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 83:
Кога менаџерите се обвинети за лажење, мамење или крадење вината најчесто се префрла врз поединец или врз ситуацијата во компанијата. Повеќето луѓе веруваат дека индивидуате прават етички избори поради личниот интегритет што е точно, но тоа не е целата приказна. Етичката или неетичката бизнис практика обично ги рефлектира вредностите, ставовите, верувањата и однесувањето кои постојат во организациската култура, според тоа етиката е толку организациско колку и лично прашање.
===''Менаџерот''===
Менаџерите носат специфична личност и црти на однесувањето во работата. Личните потреби, семејното влијание и верската позадина заедно сите го формираат вредносниот систем на менаџерот. Специфичните лични карактеристики како его - силите, самодовербата и силно чувство на независност може да го спречат менаџерот во носењето на етичките одлуки. Една важна лична карактеристика е стадиумот на морален развој. Во ''преконвенционалното ниво'', индивидуате се грижат за надворешните награди и казни и се покоруваат на авторитетот за да избегнат одредени лични последици. Во организационенен контекст ова ниво може да се поврзе со менаџерите кои користат автократски или принудуваки стил на раководење со вработени ориентирани кон зависно исполнување на специфични цели. На второто ниво наречено ''конвенционално'' луѓето учат да се однесуваат во склад со очекувањето за добро однесување како такво дефинирано од колегите, пријателите, семејството и општеството. Соединувањето на социјалните и личните обврски е важно. Колаборацијата на работната група е префериран манир за исполнување на организационите цели, и менаџерите користат стил на раководење што охрабрува интерперсонални врски и соработка. Во ''постконвенционалното'' ниво индивидуите се водени од внатрешниот состав на вредности и стандарди и ќе ги избегнат правилата и законите кои ги кршат овие принципи. Внатрешните вредности стануваат одлуки базирани не на збирката од апсолутно право или погрешно туку на принципите да не се предизвика штета на другите. Една причина поради која повисоките нивоа на морален развој се пораснувачки важни е и влијанието на глобализацијата. [[Глобализација|Глобализацијата]] ги направи етичките прашања уште покомплицирани за денешните менаџери. Американските менаџери кои работат во странство треба да се осетливи и отворени кон другите системи како и да бидат храбри за да ги решаваат тешките прашања.
 
===''Организацијата''===