Световид: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
Световид, Свентевит, Свантовит според некои автори бил врвниот бог на Словените, а според другите му припаѓало врвното мество меѓу божествата на Балтичките Словени. Кон првото тврдење се наведуваат и записите на Хелмолд, Сакс Граматик и Книтлинг Зег, најстарите хроничари на словенската духовност, но и поновите меѓу кои се издвојува Чајкановиќ. Меѓу останатото во записите од хрониката на Хелмолд се сретнува и следното: ‘Се гордеат и со самото име на Св. Вит, нему му имаат посветено и изфрадено со најголеми почести скулптура и храм, особено припишувајќи му водство меѓу боговите. И сите словенски провинции од него бараат пророштва а годишната жетва ја откупуваат во жртвите. Хелмолд и Сакс Граматик името на Световид го изедначуваат со Св. Вит, а на тој начин неговото постоење го врзуваат со прифаќањето на христијанскиот божји слуга од страната на Словените и неговото воздигање и трансформирање во паганското божество. Но, ваквото тврдење сепак било дел од кампањата за истребување на словенскиот пантеон и потполна христијанизација на народите.
Како бог кој имал исклучителни моќи. Световид имал и повеќе функции, пред с#, неговото име потврдува дека тој го согледувал светот, вселената. Ш. Кулшиќ ја нагласува неговата хтонична и воинствена карактерност, потврда за ова го наоѓа во народната поезија каде го идентификува ‘Белиот Вид - воин кој се враќа по долго војување’ со ова прастаро божество. Световид бил идентификуван и како божество на плодноста, неговото покровителство се однесувало на аграрот и природата воопшто, но исто така и според другите автори ја делел воинствената моќ со своите верници. Оттаму и тој како и повеќето словенски божества припаѓа и на небесно божествено пространство, но во исто време е и хтонично божество кое имало моќ да ја претскажува иднината.
 
====
Својата посветеност и почитта кон Световид Словените ја изразувале и на тој начин што еднаш годишно во негова чест била принесувана христијанска, човечка жртва. Храмовите на Световид биле почитувани и заштитувани. Пророчиштето на Световид во Аркона било надалеку познато и словените од сите краишта носејќи жртва доаѓале да побараат помош од божеството во предвидување во важните настани. Особена почит се придавала и на жреците (свештените лица) кои можеле да ги толкуваат пророштвата.