Световид: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ слика
Ред 18:
 
Според народните верувања, Световид имал бел коњ, кој само нему му бил посветен. Тој го јавал ноќе и ги гонел непријателите на Словените.
 
 
Световид, Свентевит, Свантовит според некои автори бил врвниот бог на Словените, а според другите му припаѓало врвното мество меѓу божествата на Балтичките Словени. Кон првото тврдење се наведуваат и записите на Хелмолд, Сакс Граматик и Книтлинг Зег, најстарите хроничари на словенската духовност, но и поновите меѓу кои се издвојува Чајкановиќ. Меѓу останатото во записите од хрониката на Хелмолд се сретнува и следното: ‘Се гордеат и со самото име на Св. Вит, нему му имаат посветено и изфрадено со најголеми почести скулптура и храм, особено припишувајќи му водство меѓу боговите. И сите словенски провинции од него бараат пророштва а годишната жетва ја откупуваат во жртвите. Хелмолд и Сакс Граматик името на Световид го изедначуваат со Св. Вит, а на тој начин неговото постоење го врзуваат со прифаќањето на христијанскиот божји слуга од страната на Словените и неговото воздигање и трансформирање во паганското божество. Но, ваквото тврдење сепак било дел од кампањата за истребување на словенскиот пантеон и потполна христијанизација на народите.
Како бог кој имал исклучителни моќи. Световид имал и повеќе функции, пред с#, неговото име потврдува дека тој го согледувал светот, вселената. Ш. Кулшиќ ја нагласува неговата хтонична и воинствена карактерност, потврда за ова го наоѓа во народната поезија каде го идентификува ‘Белиот Вид - воин кој се враќа по долго војување’ со ова прастаро божество. Световид бил идентификуван и како божество на плодноста, неговото покровителство се однесувало на аграрот и природата воопшто, но исто така и според другите автори ја делел воинствената моќ со своите верници. Оттаму и тој како и повеќето словенски божества припаѓа и на небесно божествено пространство, но во исто време е и хтонично божество кое имало моќ да ја претскажува иднината.
====
Својата посветеност и почитта кон Световид Словените ја изразувале и на тој начин што еднаш годишно во негова чест била принесувана христијанска, човечка жртва. Храмовите на Световид биле почитувани и заштитувани. Пророчиштето на Световид во Аркона било надалеку познато и словените од сите краишта носејќи жртва доаѓале да побараат помош од божеството во предвидување во важните настани. Особена почит се придавала и на жреците (свештените лица) кои можеле да ги толкуваат пророштвата.
 
Сакс Граматик го има опишано храмот на Световид како мошне убава дрвена градба која се крева во центар на градот: ‘почитуван е според култот, но и поради идолот кој беше сокриен во него. Надворешноста на овој храм била украсена со прекрасен грубо обработен дуборез кој претставувал најразлични предмети... Во него се влегува само низ една врата. Самиот храм е ограден со двострука ограда, надворешната ограда била покриена со црвен кров, а внатрешна од платна кои биле прицврстени на четири колци. Во зградата беше огромен идол, многу поголем одколку во природа. Идолот имаше четири глави, на четири врата... ‘ Главите биле сместени по две напред и две на грбот, насоката на нивното гледање била во лево и десно. Ликот бил со обријано лице и ошишана коса, во едната рака имал рог направен од метали, овој рог случел за предвидувања. Во левата рака идолот имал лак спуштен низ тело. Телото на идол било покриено со мантија. Идолот бил направен од префинето изработеното дрво. Покрај идолот биле забележани и елементи кои ја карактеризираат и негова воена улога: седло, узди, меч и др. Симбол на воинствената сила на Световид бил и бел коњ, со кој се обавувале и пророштвата, особено оние врзани за воени походи.
 
И обредните елементи опишани од древните хроничари потврдуваат колку голем значај се придавал на ова божество. По собирањето на житото се приредувала голема прослава во храмот на Световид. Ден пред свеченоста жрецот го чистел и подготвувал храмот. Во храмот влегувал единствено тој, во времето додека боравел во храмот тој не дишел, за да не го извалка идолот со човечки здив. Верниците пред храмот оставале подароци очекувајќи го пророштвото од устата на жрецот. Пред храмот се палел оган од дабовите стебла. Како дел од ритуал било и симболично криење на свештеникот зад огромен леб (в. криење). Во подоцните сати прославата станувала раскалашена гозба што претставувало знак на доближување на божеството.
 
Освен како божество на плодноста и заштитник на својот народ Световид бил и бог на војната. Древните Словени верувале дека тој ноќе јава на својот бел коњ истребувајќи ги нивните непријатели, оттаму во неговите раце рогорт ја симболизирал плодноста, а лакот воинственоста.
 
 
Ред 25 ⟶ 37:
*''Б. А. Рыбаков'': "Язычество древних славян"
*''Zaroff, Roman'': Organised pagan cult in Kievan Rus`. The invention of foreign elite or evolution of local tradition?
*Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје ISBN: 9989-918-97-X.
 
 
{{Словенска митологија}}
[[Категорија:Религија]]
[[Категорија:Словени]]
[[Категорија:Митологија]]
 
 
[[Категорија:Словенска митологија]]