Змеј: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова
 
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Според народното верување змејовите настанувале од змија постара од четириесет или сто години, од рибата шаран која наполнила четириесет години. Змејот според некои верувања настанувал од птица, петелот и мисирот можеле да се претворат во змеј; змејот можел да биде роден и како човек (со специфични обележја како новороденче: ципа под мошниците, опашка, заби, шест прсти и др.), се верувало дека таквите деца настанале од врската помеѓу змејот и жената, некаде се верувало дека децата родени по смртта на родителот, или вонбрачните деца можат да се претворат во змеј или им се припишувале натприродни способности својствени за митолошкото сфаќање за карактеристиките на змејот. Но, за одржување на ваквото дете во животот според старите верувања морале да се спроведат многу обредни правила; првата ноќ го варделе ‘чистите жени/ девојки ’ (вирго), некаде тоа го правеле девет стари жени, некаде дванаесет девојки кои во таа една ноќ подготвувале облека за новороденчето на кое му се припишувале својствата на заштитникот на селото. Во Македонија се верувало дека змејски карактеристики стекнува детето родено во глуво доба и тоа се нарекувало змејко.
 
Змејот во најголем број на народни преданија му припаѓа на машки пол, (во наративното творештво ретко се сретнува мома- змејовица, но со никаков опис не &и се даваат карактеристики на змејот, туку таа е опишана како прекрасна девојка), како негово живеалиште се наведувале планините, пештерите, карпите, реките и изворите, кај светите дрвја, најчесто околу дабовите, под земјата.
 
Иако според преданијата змејовите чинеле зло меѓу луѓето, нив им се припишувале и добри дела, заштита на сопствената територија (значи и на народот во неа), борба со алите, аждаите и невремето. Нивните стругунки се сметале за силна амајлија.
Ред 20:
[[Категорија:Словени]]
[[Категорија:Митологија]]
[[Категорија:Пантеони]]
[[Категорија:Политеистички религии]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Змеј