Индустриска сопственост: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Maja.m (разговор | придонеси)
Maja.m (разговор | придонеси)
Ред 23:
: Во поново време, во индустриската сопственост се инкорпорораат и know-how, т.е. знаењето и искуство кое не е заштитено со исклучително право, бидејќи имателот на тоа знаење и искуство располага со него само додека не го отстапи на другите. Во најширока смисла know-how се однесува не само на техничкото знаење и искуство, туку и на знаењето и искуството од комерцијален, организационен, фискален и сличен карактер кое може да се примени во стопанското работење.
 
: Со донесувањето и стапувањето во сила на [[Договорот за трговскте аспекти на правата од интелектуана сопственост (ТРИПС)]] , како права од индустриска сопственост се почесто се сметаат и трговската тајна (неоткриените информации) и топографијата на интегралните кола. Последниве неколку години се прават обиди во корпусот права од индустриска сопственост да се инкорпорира и името на доменот.(domain name).
 
: Карактеристично за сите овие права од индустриска сопственост е што тие можат да се групираат во две групи. Во првата група спаѓаат оние кои се правно заштитени, односно се регистрираат, и тоа: [[патент]], [[корисен модел]], [[индустриски дизајн]], [[трговска марка]], [[ознака на потеклото на производ и географска ознака]], [[топографија на интегрално коло]] и [[домен име]]. Во втората група спаѓаат оние кои не се регистрираат, и тоа:[[ трговска (деловна) тајна]], односно неоткриена информација и [[know-how]]. Овие се штитат само преку правилата за заштита од дејства на нелојална конкуренција.