Социјализација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
Денес се поставува прашањето — Дали човекот е [[производ]] на околината или на наследството? — Погрешно! Подобро е да се постави прашањето: колкава е улогата на наследството, а колкава е на околината? Несвојствено е формирањето на човечката личност без учество на околината или наследството и тешко може да се одреди во колкава мера делува едниот или другиот [[фактор]]. Сепак може да се тврди дека на пример врз формирањето на ставовите поголемо влијание има околината, додека врз темпераментот поголемо влијание има наследството. Но, постојат и социјални однесувања, како на пример агресивно однесување, просоцијално [[однесување]], деликвентно [[однесување]], или прилагодувањето во училиштето каде не може да се тврди со сигурност колкаво е влијанието на наследството, а колкаво на околината.
 
== Социјализацијата како траен процес ==
 
Социјализацијата започнува со раѓањето. Од моментот на [[раѓање]] добиваме нараквица со [[број]] за да не можат да не заменат со други, добиваме сина или розова [[облека]] за да не идентификуваат како [[машко]] или [[женско]]. Со самиот тој [[чин]] започнува [[процес]] на [[учење]] на нашите улоги во општеството, [[учење]] на општествените [[норми]]. На пример, воочливо е дека машките и женските деца различно се однесуваат. Кај машките се поттикнува агресивноста, затоа што таа се смета за природна. Природно е да им се купуваат играчки кои ја симболизираат агресивноста, на пример пиштоли, пушки, фигури на мали војници и така натаму. Од друга страна пак, кај женските деца е сосема поинаку, кај нив се поттикнува стереотипното однесување на мајки и жени, па им се купуваат кукли, мали кујни за играње и слично. Во сите тие улоги децата се чувствуваат убаво. На некои девојчиња им претставува задоволство да играат [[фудбал]], додека пак на некои момчиња интересно им е да играат со кукли. Меѓутоа општеството успева да ги наметне стандардните и стереотипни обрасци на [[однесување]]. Психолозите упатуваат на тоа дека во изградувањето на особините на личноста особено се важни искуствата од првата [[година]].