Социјализација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 4:
== Вовед ==
Социјализацијата претставува [[процес]] во рамките на кој индивидуите го учат начинот на [[живот]] во општеството или групата и така се оспособуваат за [[живот]] во неа. Тоа претставува [[процес]] на [[учење]] кој се остварува преку взаемна [[интеракција]] помеѓу членовите во едно [[општество]]. Преку социјализацијата од човекот, кој е роден како беспомошно и потполно зависно [[суштество]] од другите, се развива во општествено [[суштество]] со голем број на вариетети на [[вештини]] и [[знаења]], [[вредности]] и примероци на [[однесување]]. Социјализацијата претставува [[процес]] на [[учење]] во кој се усвојуваат нормите и правилата на својата [[култура]] со која стануваме способни за да дејствуваме во општеството. Доследно на тој поим значи да станеме општествени. Социјализацијата е општествена [[вредност]], во рамките на која нормите и обрасците на однесување се пренесуваат од една [[генерација]] на друга, кои се усвојуваат за да бидат составен дел од личноста.
 
«Културата има свој континуитет, правила и обрасци на однесување. Културните вредности кои се содржани во Јудаизмот на пример, се пренсеуваат од [[генерација]] на [[генерација]] веќе со илјади години. Нам пак ни се чини дека континуитетот кој постои е многу поголемо достигнување. Пред да се направи потполна измена на луѓето во секоја [[генерација]], секоја [[генерација]] треба целокупната [[култура]] да ја пренесе на секоја наредна [[генерација]], тој [[процес]] се нарекува социјализација» <ref>J.Besman, B.Rosenberg, Социјализација 1963
</ref>