Љубиша Георгиевски: Разлика помеѓу преработките

Политичар од Македонија
Избришана содржина Додадена содржина
LBakraceski (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 21:00, 5 август 2006

Љубиша Георгиевски е роден на 30. 05. 1937 год., во Битола, Република Македонија.

Љубиша Георгиевски

Дипломирал на „Академијата за театар, филм, радио и телевизија”, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974 год.

Љубиша Георгиевски е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот, и професор по Театарска режија и актерска игра на „Факултетот за драмски уметности” во Скопје. Љубиша Георгиевски е општествен работник, журналист, полиглот.

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Република Македонија, СР Југославија, Хрватска, Босна, Словенија, Република Бугарија, Романија, Полска…, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас, предавал Теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите, гостувале ширум Европа, пр: Москва, „ Burg teater ”, Виена. Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во „ [[Theater Center[[ ”, како најдобра престава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив с# уште се на репертоарот.

Досега има напечатено повеќе од десет книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Како журналист има напишано преку двеста авторски колони во „Дневник”.

Во 1994-та, беше претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Од 2000-2004 год. – вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија.

Говори Англиски, Француски, Италијански, Руски, Бугарски, се служи и со Словенечки, Полски, Романски.