ОМО Илинден: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
StanProg (разговор | придонеси)
с средување
referenca
Ред 1:
{{Заштитено-анон}}
 
'''ОМО „Илинден“''' е една од неколкуте [[Македонци|македонски]] организации во [[Бугарија|Република Бугарија]], во [[Благоевградска област]] ([[Пиринска Македонија]]).
 
ОМО „Илинден“ е основана на [[14 април]] [[1990]] во градот [[Сандански]] преку обединување на други постоечки македонски организации. Во нејзин состав тогаш влегуваат: „[[Илинден-ВМРО 89 - Независна]]" од [[Благоевград]], „[[Илинден - Независна]]“ од [[Софија]], „[[Комитетот за заштита на правата на Македонците]]“ од Благоевград, „[[Комитетот на репресирани Македонци од Бугарија]]“, „[[Независниот демократски сојуз]]“ и „[[Културно-просветното друштво „Јане Сандански“]]“ од село [[Микрево]] - [[Кресна]].
Ред 9:
По падот на комунизмот, во Бугарија завладува голема еуфорија, а кај Македонците се раѓа надеж дека конечно ќе можат да ги повратат националните права од времето на комунистичкиот режим на [[Георги Димитров]]. До [[10 мај]] 1990 година, ОМО „Илинден“ во своите редови има околу седум илјади членови, меѓу кои се и познатите активисти [[Сократ Маркилов]], [[Илија Кочев]], [[Георги Сухарев]], [[Панде Илиев]], [[Иван Тимчев]], [[Кирил Богов]], [[Иван Тасев]] и [[Атанас Доганов]].
 
Од самиот почеток ОМО „Илинден“ се соочува со големи потешкотии во својата дејност. Првиот голем удар организацијата го добива одвнатре, со предавството на Красимир Илиев кој работи за Бугарските безбедносни органи. Бугарските судови и натаму одбиваат да ја регистрираат, додека политичарите и медиумите ја прогласуваат за „сепаратистичка и антибугарска организација, а нејзините членови за „платеници на странските тајни служби“. Често пати нејзините членови се апсени и физички малтретирани <ref>[http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=CAAE66C4201EF74992B33271549F4A10 Б’лгарска работа]</ref>.
 
На судските процеси на ОМО „Илинден“ против Бугарија пред Европскиот суд за човекови права, бугарската држава беше неколку пати осудувана за кршењето на правата на Македонците, со препорака бугарските судови да ја регистрираат организацијата.