Зајчев Рид: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Зајчев Рид.jpg|рамкаthumb|200px|Поглед кон Зајчев Рид од селото [[Бардовци]]]]
'''Зајчев Рид''' е рид во северо-западниот дел на Скопската котлина, сместен во близина на утоката на реката [[Лепенец]] во [[Вардар]] на 7 километри северо-западно од центарот на градот [[Скопје]]. Врвот на Зајчев Рид е висок 320 метри надморска височина, а самиот рид е крајниот дел од ридскиот систем - венец што се издигнува во средишниот дел на Скопската котлина и се протега покрај левиот брег на реката [[Вардар]], а започнува со ридот Градиште на исток на кој се наоѓа скопската тврдина Кале. Во подножјето на Зајчев Рид непосредно до патот и крстосницата меѓу селата [[Бардовци]] и [[Злокуќани]], на јужната и југо-западната падина на ридот се наоѓаат ископините и археолошкиот локалитет на античкиот град [[Скупи]]. На Зајчев Рид е сместена и државната Управа за хидро-метеоролошки работи и Агенцијата за телекомуникации, додека во неговото подножје на јужната падина се наоѓаат повеќе авто-салони, сервиси и бензински пумпи. На подножјето на северната падина на Зајчев Рид поминува железничката пруга кон [[Кичево]] и [[Косово]]. Западните падини на ридот, во правец на селото [[Бардовци]] се земјоделски површини посеани со житни, градинарски и лозарски култури (пченица, зелка и лозови насади). Составот на земјиштето е алувијална почва во пониските делови и песоклива-глинеста почва во повисоките делови кон врвот.