Разлика помеѓу преработките на „Пела“

Одземени 23 бајти ,  пред 10 години
(interwiki)
Од 1957, па наваму ископувањата имаат октриено мал дел од градот, кој се збогатил со Александар и неговите наследници. Откриени се големата [[агора]] или пазар, која била окружена со [[стоа|стои]], и улици со куќи од затворен тип со ѕидови со фрески во соби распоредени околу внатрешни дворови. Првите мурали со ''[[оптичка мамка|оптички мамки]]'' кои имитирале перспективи за прв пат се појавиле во Пела. Најдени се храмовите на [[Афродита]], [[Деметра]] и [[Кибела]], како и мозаици, кои датират од времето по Александар и уживаат светска слава: некои се репродукции на грчки слики.
 
Славниот поет [[Арат]] умрел во пела ц. [[240 п.н.е.]]. Пела била ограбена од римјаните во [[168 п.н.е.]], и нејзиното градско богатство пренесено во Рим. Потоа во [[I век п.н.е.]] градот го руши земјотрес; пронајдени се продавници и занаетчиски работилници од тоа време заедно со остатоците од нивната стока. Подоцна градот бил одново изграден врз рушевините, што всушност ги заштитило, но во ''ц'' 180 [[Луцијан]] на поминување го опишал местото како „денес незначајно, со многу малку жители“. [http://www.tertullian.org/rpearse/lucian/lucian_alexander.htm Александар].
 
==Белешки==
Анонимен корисник