IP-адреса: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Викифицирање}}
{{Внимание}}
[[Адресна шема|Адресната шема]] (форматот на IP адресите и начинот на нивното користење) е од базично значење во процесот на рутирање на IP пакетите низ мрежата. Секоја IP адреса има точно определен формат. На секој корисник приклучен на [[TCP/IP]] мрежа, му се доделува една единствена 32 битна логичка адреса поделена во два дела:

• број на мрежата (network number) и

• број на хостот (host number).

[[Мрежен број|Мрежниот број]] ја дефинира мрежата, и ако мрежата треба да биде дел од [[Интернет]], тој се доделува од глобален авторитет [[Network Information Center]] ([[NIC]]). На секоја нова мрежа која бара пристап на Интернет, NIC доделува по еден мрежен број, а тоа всушност се група од IP адреси со која операторот на мрежата може слободно да располага и да ги доделува на хостовите.

IP адресата се состои од 32 [[бит|бита]] (кога се говори за IP адреси се подразбира [[IPv4]] адреси), групирани во 4 октети, одвоени со точки и претставени во децимален формат (на пример 194.149.144.1). Минимална декадна вредност на еден октет е 0, а максимална 255.

IP адресирањето поддржува 5 различни [[адресни класи]] A, B, C, D и E. Само класите A, B и C се за комерцијална употреба. Најзначајни битови од првиот октет ја индицираат мрежната класа.

Така, со IPv4 се организирани сите корисници/уреди во едноставна дво-нивовска хиерархија која содржи мрежен ID (кој ја дефинира мрежата) и ID на хостот (кој го дефинира хостот на дадена мрежа). Со цел да се задоволат потребите на големите и малите мрежи 32 битното адресно поле е поделено на три класи за unicast апликации. Класа А, B и C за големи, средни и мали мрежи соодветно.

Адресирањето на милиони компјутери низ целиот свет користејќи притоа само две хиерархиски нивоа дефинирани во IPv4 резултирало со многу големи рутирачки табели. Во почетокот на 1990-те год. проблемите поврзани со адресирачката шема на IPv4 речиси и да го лимитирале растот на Интернетот поради недостатокот на адреси од класата B како и поради зголемувањето на големината на рутирачките табели. Како привремено решение бил развиен концептот Classless Inter-Domain Routing ([[CIDR]]) кој овозможува делење на преостанатите адреси од класата C во блокови со променлива големина.

Дефинирани биле четири географски зони во светски размери и на секоја од тие зони и бил доделен дел од адресниот простор на адресите од класата C. Доделувањето на адресите од класата C на зони се случило со цел да се намали големината на рутирачките табели.

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/IP-адреса