Тегобност (роман): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Inajor (разговор | придонеси)
Креирана страница со: '''Тегобност''' (orig. French La Nausée) е роман на филозофот/егзистенцијалист Жан Пол Сартр издад…
 
Bogorm (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Тегобност''' (orig.[[Француски Frenchјазик|француски]]: ''La Nausée'') е роман на филозофот/егзистенцијалист [[Жан Пол Сартр]] издаден во [[1938]] година.
 
Овој роман се смета за едно од најдобрите остварувања во егзистенцијалистичката литература. Ликот Антуан Рокантен е всушност самиот Сартр дури и многу детали од романот се поклопуваат со моментите од животот на авторот.
Ред 5:
Интиутивното осознавање на физичкото битие е и темата на Сртровиот роман "Тегобност". Романот претставува филозофско размислување или една опсежна анализа на психолошката состојба на главниот јунак Антуан Рокантен. Дејството, односно отсуството на дејство преточено во анализа се одвива во вид на дневник што Рокантен започнува да го води за да ги открие во себе и околу себе причините што ги предизвикува некаква чудна психофизиолошка состојба која се појавува во него, Рокантен е историчар кој по долго патување низ Европа, Централна Африка и Далечниот Исток доаѓа во градот Бувил за да го изучува минатото на маркизот Ролбон и да пишува книга за него.
 
Еден ден Рокантен со збрканост и страв открива дека нешто се случува во него, тој почнува да го чувствува оној егзистенцијалистички страв и забележува дека му се јавува одвратност кон реалните нешта. Улиците, низ кои луѓето спокојно се шетаат за него се извор на физичка тегобност, камчето на брегот што ќе го допре со рака, извалканата хартија што се тркала во калта, испотената рака на неговиот познаник... сето тоа го доживува кога ќе ја допре кваката, кога ја гледа чашата со пиво, па дури и кога се гледа себеси во огледалото. Рокантен не може да најде спокојтво ни во сопствената соба каде што е опкружен со обични предмети, ниту на улицата исполнета со луѓе, обични, глупави вршители на секојдневните работи, несвесни за своето постоење.
 
Бувил за Рокантен претставува работилница составена од подлизурковци и суетни подлеци. Истото чувство го следи и низ прошетката низ уметничката галерија каде што двајца локални прочуени сликари ги имаат направено портретите на сите видни и заслужни личности од градот. За Рокантен тие се лица што гледаат спокојно од ѕидовите се само празни траги на нивното некогашно суштествување.