Институт за математика: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Filipgd (разговор | придонеси)
 
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{викифицирање}}
#REDIRECT [[Институт за математика при ПМФ]]
 
Институтот за [[математика]] при [[Природно-математички факултет|Природно-математичкиот факултет]] во Скопје е единствената наставно-научна институција во [[Македонија]] која подготвува кадар од областа на математичките науки во сите степени на образованието: додипломски, постдипломски и докторски студии.
 
Основан е во далечната [[1946]] година како Катедра по математика во рамките на [[Филозофски факултет|Филозофскиот факултет]] во Скопје. Во почетокот наставата ја изведувале тројца професори и двајца соработници. Во 1958 Катедрата прераснува во Институт за математика при новоформираниот Природно-математички факултет, статус задржан до денес.
 
Институтот е организиран во пет заводи:
* Завод за [[Математичка анализа|анализа]]
* Завод за [[алгебра]] и [[геометрија]]
* Завод за [[топологија]]
* Завод за [[применета математика]]
* Завод за методика на наставата и [[елементарна математика]]
 
Исто така, Институтот располага со богата [[библиотека]] која брои над 24.000 наслови на математичка литература, како и огромен број периодични списанија од целиот свет.
 
Моментално, Институтот ги нуди следниве додипломски студиски насоки:
* '''Наставна математика'''
: студентот се стекнува со назив: ''Дипломиран професор по математика'';
 
* '''Теориска математика'''
: ''Дипломиран математичар'';
 
* '''Применета математика''' со поднасоките:
:: '''Математичко програмирање'''
:: ''Дипломиран инженер по математичко програмирање'';
:: '''Математичка економија'''
:: ''Дипломиран инженер по математичка економија'';
:: '''Индустриска математика'''
:: ''Дипломиран инженер по индустриска математика'';
 
* '''Двопредметни студии по математика-физика'''
: ''Дипломиран професор по математика-физика за основното образование''
 
Сите студиски програми траат осум семестри. На Институтот речиси целоно е имплементиран [[ЕКТС|Европскиот Кредит Трансфер Систем]] - ЕCTS.
 
== Надворешни врски ==
 
*[http://institutzamatematika.com Официјално веб-место на Институтот за математика при ПМФ]
*[http://www.pmf.ukim.edu.mk Официјално веб-место на Природно-математичкиот факултет],
 
{{институти при ПМФ}}
 
[[Категорија:Институти при ПМФ|Математика]]