Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Селска чешма (Техника)“

interwiki
с (Отстрането уредувањето на 77.29.9.226, вратено на последната верзија на J.delanoy)
(interwiki)
Бидејќи долго време постоиме како проект со исполнет услов за CheckUser (условот е постоење на 20.000 статии), мислам дека е конечно време и ние да избереме еден корисник кој ќе ја извршува оваа техничка функција. Како вовед само ќе копирам еден мој e-mail кој порано веќе го испратив до неколкумина, а кој ја сумира ситуацијава:

Како што некои од вас веќе знаат, а некои не, постои функција на МедијаВики софтверот наречена CheckUser. Таа функција служи за проверка на IP адресите кои ги користи еден регистриран корисник и со тоа - пронаоѓање на евентуални марионети на тој корисник - други регистрирани кориснички имиња кои се користат за злоупотреба (на пр. за двојни гласања и сл.). Таа функција ја извршуваат глобалните стјуарди на сите проекти, а на индивидуалните проекти - некој(и) определен(и) корисник/корисници на кој/кои заедницата им ја дала таа доверба. Тие корисници притоа ги поднесуваат своите лични податоци на Викимедија за да им биде дадена функцијата (оти откриваат лични податоци кои инаку се загарантирано скриени). Повеќе за функцијата може да се прочита [[:en:WP:CHECK|овде]]. На нашиот проект му фали CheckUser извршител. Затоа јас како иден (а и прв) CheckUser го предлагам [[Корисник:Guitardemon666]]. Кога го запрашав дали би се нафатил со работата ([[Разговор_со_корисник:Guitardemon666#CheckUser|овде]]), тој одговори дека радо би го сторил тоа.

Останува уште вашето мислење — мислењето на заедницата. Дали се согласувате да го избереме Guitardemon666 за CheckUser? Дали можеби имате свој предлог и за други корисници кои можат да ја извршуваат оваа функција? Слободно давајте мислења подолу. --[[Корисник:Brainmachine|Brainmachine]][[Разговор со корисник:Brainmachine|wtf?]] 16:49, 29 март 2009 (UTC)
::{{коментар}} Гитар, и мене делот за ''недавањето на шансите'' не ми се допаѓа. Затоа го пишав коментарот претходен. Како што и самиот знаеш Brainmachine бараше мислења, а не гласови. Јас овде мислења (заедно со твоето) гледам само три. Како нов овде очекував дискусија за тоа што добиваме со CheckUser и врз основа на тоа да дојдеме до најдоброто решение. Вака излегува дека ''е па мене прв ми текна... пу не важи''. Сепак возразни сме.
Што се однесува до транспарентноста, од неколкуте вики среби на кои бев разбрав дека некои од уредувачите се јавуваат само кога има гласање. Кога веќе е така, а не верувам дека тоа може да се измени, сметам дека некој овде најпрво треба да ни објасни нам (на лузерите како мене) што добиваме од овие работи, а тоа може да се постигне со размена на мислења на оваа тема.
Доколку треба да работиме по принципот ''мене прв ми текна'' требаше и ние од Скопје кога намисливме да формираме локален огранок на Викимедија за Македонија да си собереме другарчиња од Скопје и да си ја завршиме работата. Ама така не постапивме! Инсистиравме да дојдат и MacedonianBoy и Brainmachine за да не се сведеме на ''ептен'' локален огранок (сочинет само со луѓе од Скопје). MacedonianBoy на два пати дојде на средбите, БМ и ти не кажавте ни збор за таа работа. Од истите причини планираме некои од следните средби да ги организираме и во други градови во МК.
Вики средбите се места за размена на вистинските идеи оти овде користењето на graphical usel interface малку повеќе не оддалечува едни од други и затоа сметам дека пред да се започнат вакви работи за кои луѓето како јас, кои немаме баш многу абер за тоа што CheckUser значи, ќе биде поарно да ни се објасни, а затоа постојат дискусиите.
Поздрав, --[[User:Wikimk|Wikimk]] ([[User talk:Wikimk|разговор]]) 18:05, 31 март 2009 (UTC)

:::Грешно сме се сфатиле, гледам дека испаѓа дека јас сакам да имам checkuser права бидејќи мене прв ми текна. Само ја разговаравме идејата со [[User:Brainmachine|Brainmachine]], и дали би сакал да бидам предложен од него (по што реков дека немам против). Не ни стана збор дека ќе станам, ни дека веќе ја свршивме работата. Затоа и ја водиме дискусијава, нели?
Што се однесува до вики-средбите, гледаш дека не љубам да споделувам многу детали за мене, но кога веќе те интересира не живеам во Македонија и не можам често да си идам и одам (имам и обврски), а впрочем сечие право е (а не обврска) да присуствува или не на такви социјални настани.
А што се однесува на што тоа CheckUser значи, веројатно си направил превид или не си обрнал внимание на делот, или пак (се надевам не) имаш балкански синдром: жали се и пишти прво, а дури после сфати/разбери што уствари била цела работа и зошто си се бунел (без навреда, се однесува на цел Балкан ова). Како и да е еве ти цитат од само 20-тина линии погоре, провери повторно ако сакаш, ќе ти го задебелам делот што не ти е јасен: {{Quotation|
Како што некои од вас веќе знаат, '''а некои не''', постои функција на МедијаВики софтверот наречена CheckUser. '''Таа функција служи за проверка на IP адресите кои ги користи еден регистриран корисник и со тоа - пронаоѓање на евентуални марионети на тој корисник - други регистрирани кориснички имиња кои се користат за злоупотреба (на пр. за двојни гласања и сл.)'''. Таа функција ја извршуваат глобалните стјуарди на сите проекти, а на '''индивидуалните проекти - некој(и) определен(и) корисник/корисници на кој/кои заедницата им ја дала таа доверба'''. Тие корисници притоа ги поднесуваат своите лични податоци на Викимедија за да им биде дадена функцијата (оти откриваат лични податоци кои инаку се загарантирано скриени). '''Повеќе за функцијата може да се прочита [[:en:WP:CHECK|овде]]'''. На нашиот проект му фали CheckUser извршител. Затоа јас како иден (а и прв) CheckUser го предлагам [[Корисник:Guitardemon666]]. Кога го запрашав дали би се нафатил со работата ([[Разговор_со_корисник:Guitardemon666#CheckUser|овде]]), тој одговори дека радо би го сторил тоа. |[[User:Brainmachine|Brainmachine]]}}

:::Оттука можам само да кажам дека не се доделува секому, туку само на администратор, и воедно дека не реков дека ''радо'' би го сторил тоа, туку повеќе беше во смисла кога нема кој, ајде јас, бидејќи не љубам некому да му ги дадам моите податоци (Викимедија), но уште посигурно е дека не сакам некој да ги гледа моите кога ќе му текне (<- затоа е и целата дискусија, кој ќе може да гледа сè-иако нормален човек не би го пикал носот кај што не му е место, т.е. ќе проверува само кога ќе му биде кажано, а не од љубопитност). Сериозно мислам да се откажам од кандидатура, не ми е баш ќеф да споделам лични податоци со цела Викимедија.  -{[[Википедија:Администратори|админинстратор]]}-  [[File:Ambox_question.svg|link=Википедија:Прашања|15px]] [[Разговор_со_корисник:Guitardemon666|гитардемон]] 19:07, 31 март 2009 (UTC)
::::{{коментар}} Што се однесува до балканштината од тој дел само една работа ми стана јасна - дека различни мислења од сопственото тешко поднесуваш. Ама тој дел не ми пречи. Тоа можам да го прифатам. Мене и сега ми требаат повеќе одговори (кој? зошто? и сл.) и се надевам дека некој ќе најде доблест и време да продискутира за оваа работа ама ''при тоа дискусијата да не ја сфати како напад врз некого'' туку како потреба на еден нов корисник да биде повеќе информиран од приложеното.
'''Делот што ми пречи е што човек кој сака да остане анонимец ќе има привилегија да ги проверува сите останати! Тоа најблаго речено се сведува на воајеризам.''' Ако претходно коментирав и барав одговори оти некои работи не ги разбирам и оти целава процедура не ми се допаѓа, сега веќе доколку треба да гласам сигурен сум како треба тоа да го направам.
Поздрав, --[[User:Wikimk|Wikimk]] ([[User talk:Wikimk|разговор]]) 19:49, 31 март 2009 (UTC)

{{коментар}} Мислам дека е добро што започна дискусија на оваа тема и веќе има материјал кој може да послужи за креирање на некоја википолитика во врска со оваа тема во склад со правилата на meta, што е многу поважно во моментов отколку веднаш да се фрлиме на гласање. Во таа смисла ги подржувам сите претходни дискутанти.--[[User:Brest|brest]] ([[User talk:Brest|разговор]]) 01:30, 6 април 2009 (UTC)

[[ar:ويكيبيديا:الميدان/تقنية]]
[[cs:Wikipedie:Pod lípou (technika)]]
[[en:Wikipedia:Village pump (technical)]]
[[es:Wikipedia:Café/Portal/Archivo/Técnica/Actual]]
[[hu:Wikipédia:Kocsmafal (műszaki)]]
[[ka:ვიკიპედია:ყავახანა/ტექნიკური საკითხები]]
[[kk:Уикипедия:Ауыл құдығы/техникалық]]
[[ms:Wikipedia:Kedai Kopi (teknikal)]]
[[th:วิกิพีเดีย:สภากาแฟ (เทคนิค)]]
[[uk:Вікіпедія:Кнайпа (технічні питання)]]
[[zh:Wikipedia:互助客栈/技术]]
[[zh-yue:Wikipedia:城市論壇 (技術)]]
89

уредувања