Разлика помеѓу преработките на „Даме Груев“

Додадени 263 бајти ,  пред 11 година
нема опис на уредувањето
Во јануари [[1888]] година, во една група од 19 души меѓу кои и [[Петар Поп Арсов]], привлечен од српската пропаганда, заминува да учи во [[Белград]] бесплатно на сметка на Друштвото „Св. Сава“. Таму, завршува гимназија и пак на сметка на „Св. Сава“ се запишува во Великата Школа. Во [[1891]] исклучен од школата го напушта [[Белград]]. Се запишува историја на Вишото училиште во [[Софија]], но во [[1891]] година и оттаму е исклучен. Во [[Софија]] со неколкумна сомисленици од кругот околу [[„Лоза“]] создаваат „Дружба“ со цел да бараат примена член 23 од [[Берлински договор|Берлинскиот договор]].
 
Од [[1891]] до [[1893]] година бил [[Бугарска_Егзархија|егзархиски]] учител во селото [[Смилево]] и во [[Прилеп]].
 
Од летото [[1894]] година започнал да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Бил [[Бугарска_Егзархија|егзархиски]] учител во [[Штип]] и инспектор во солунско, а потоа и гимназиски наставник во [[Битола]] и раководител на [[Битолски револуционерен округ|Битолскиот револуционерен округ]].
 
По убиството на министерот за финансии [[Христо Белчев]], Даме и некои од неговите другари биле уапсени како осомничени. Во април [[1891]] година заминува за [[Македонија]]. Поднесол молба да биде назначен за [[Бугарска_Егзархија|егзархиски]] учител во [[Битола]], но молбата му е одбиена. Назначен е за [[Бугарска_Егзархија|егзархиски]] учител во [[Смилево]]. Следната година учителствува во [[Прилеп]], а летото на [[1893]] заминува во [[Солун]], каде работи како коректор во печатницата на [[Коста Самарџиев]].
 
Даме е иницијаторот за основачката средба на [[ВМОРО]] на 23 октомври [[1893]] година во [[Солун]]. Избран е секретар и касиер на Централниот Комитет. Како што сам кажува организацијата е создаена "по образец на Револуционерната организација во [[Бугарија]] пред ослободувањето... по примерот на [[Христо Ботев|Ботев]], [[Васил Левски|Левски]], [[Бенковски]]". Од основањето на тајната македонска револуционерна организација и првиот Централен комитет, Груев цели шест години ја обиколува [[Македонија]] во убедување, проучување и посветување на македонското дело на нови приврзаници, според прописите на [[Уставот]].
[[File:NYT Macedonia's heroic struggle for independence.PNG|thumb|100px|Статија на NYT за Македонија и македонците, Чикаго 6 декември 1903]]
 
Во [[1894]]-[[1895]] г. назначен е за [[Бугарска_Егзархија|егзархиски]] учител во [[Штип]], каде учителствува заедно со [[Гоце Делчев]] и [[Туше Делииванов]]. Од [[1895]] година се враќа во [[Солун]], како училишен инспектор каде се активира и во работењето на Организацијата со што го воведува шифрарникот. Во 1897 - 1898 е интерниран од [[Солун]] во [[Битола]] каде развива голема дејност за закрепнување на револуционерните комитети, за формирање на нови комитети и привлекување на нови соборци, а на 6 август [[1900]] година е уапсен и осуден на 10 години затвор, затворен во битолскиот затвор, поради таканаречената [[Битолска провала (1900)|Попставрева афера]].
 
И од битолскиот затвор Даме раководи со делото, посебно со Битолскиот вилает. На 29 мај [[1902]] г. од затворот во [[Битола]] е испратен во [[Подрум кале]]. Тука затворските казни ги издржуваат [[Христо Татарчев]], [[Христо Матов]], [[Пере Тошев]], [[Иван Хаџи Николов]] и други. Амнестиран е пролетта [[1903]] г.
Анонимен корисник