Индиска книжевност: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 28:
 
Има многубројни приказни во ''[[Илјада и една ноќ]]'' кои се со потекло од Индија. Многу се значајни и прочуените правни споменици ''[[Дхарма-састра]]'', прописи за церемониите и [[Касти|кастовите]] обичаи, ''[[Мануов законик|Мануовиот законик]]'' и ''[[Артха-састра]]'', кој учи како кралевите треба да управуваат, односно некој вид на индиски [[Макијавели]].
[[Категорија:Историја на литературата]]
 
== Литература на јазикот [[Хинди јазик|хинди]] ==
 
Почетокот на оваа етапа од развитокот на индиската литература ја сочинуваат еповите и [[Балада|баладите]] од ''[[Раџпутани]]те'', во кои се опишуваат јуначките подвизи на [[хинди]] кралевите против [[Ислам|муслиманските]] завојувачи. Пресврт означува едно големо дело - ''[[Притхви-раџ-Расо]]'', кое го напишал [[Чанд Бардаи]].
 
[[Вишна|Вишнаистичките]] идеи повторно оживеале, а литературата од т.н. период [[Бхакти]] ја има за главна тема вербата во еден семоќен бог со човечки облик кој се бори против злото во светот. Во овој потпериод се истакнале поетите [[Кабир]], кој основите на [[Хиндуизам|хиндуизмот]] и исламот ги прилагодил на својата философија; потоа [[Тулсидас]], кој во [[16 век|VI]] и [[17 век|XVII]] век одново ја напишал "Рамајана" на стариот [[аватхи]] облик на источниот хинди јазик; поетесата [[Мирабаи]] од [[Раџастан]] испеала химна во божја слава со многу голем успех.
 
Помеѓу XVII и [[19 век|XIX]] век е напишана одлична лирска поезија која на почетокот на XIX век го изгубила својот висок квалитет. Со отворањето на печатниците и под влијание на [[Англиска литература|англиската литература]] силно се развила прозата, достигнувајќи го својот врв во делата на [[Прем Чамд]] (кој пишувал на [[Урду јазик|урду]]), а кој воедно ја вовел и кратката приповетка. Освен овој писател, други млади автори ги негуваат сите литературни облици.
 
== Литература на [[бенгалски јазик]] ==
 
Еден од најпознатите [[бенгал]]ски поети од [[14 век|XIV]] и [[15 век|XV]] век е [[Чандидас]], кој пишувал одлични лирски песни, додека [[Кришандас Кавираџ]] ја дал одличната биографија на ''[[Чаитање]]'', вишнуански религиозен реформатор. Ова дело е едно од најпознатите на бенгалската индиска литература.
 
Пишувани се и многу јуначки приповетки и романтични балади. Пред [[Рабиндранат Тагоре]], за најистакнат писател на модерната бенгалска литература се смета [[Банким Чандра]], додека голема популарност во Бенгал стекнал и [[Исварчандра Видјасагар]]. [[Мајкл Матхусудан]] пишувал на [[Англиски јазик|англиски]] и бенгалски успешни лирски песни. Рабиндранат Тагоре е најпознат и најголем бенгалски книжевник. Во [[1913]] година ја добил [[Нобелова награда|Нобеловата награда]] и негова е заслугата што бенгалскиот јазик се претворил во виртуозен литературен јазик.
 
== [[Асам]]ска литература ==
 
Асамската индиска литература се состои главно од побожни списи. Од писателите во XV и XVI век се истакнува [[Санкардева]], а важно место завземаат прозните историски записи наречени [[буранџис]], настанати под влијание на [[сијам]]ските хроничари.
 
== Литература на јазикот [[Маратхи јазик|маратхи]] ==
 
Оваа литература се пишувала во западниот дел на Индија, каде и се зборува маратхи јазикот. [[Инандава]] дал значаен коментар за ''[[Бхагавадгита]]'', дел од "Махабхарата" во кој богот [[Кришна]] дава божествена санкција: да се употреби насилство во уништувањето на злото. Од низа на поети и реформатори, најпознат е [[Тукарам]]. Одредени делови од историјата на овие области на Индија се опишани во баладите или [[проповед]]ите.
 
Основите на модерната проза ја наложиле есеистите од XIX век, пишувајќи за општествените и политичките реформи. Меѓу најпознатите есеисти треба да се споменат [[Чипланкара]], [[Агаркара]], [[Ранадеа]] и [[Тилака]], додека романи со општествени мотиви пишувал [[Хари Нарајан Апте]].
 
== Модерна [[гуџарат]]ска литература ==
Во оваа индиска литература, со своите прилози се истакнале [[Махатма Ганди]] и [[К.М. Мунши]]. Може да се каже дека модерните индиски писатели, за разлика од оние до крајот на [[Прва светска војна|Првата светска војна]], се повеќе ја напуштаат темата за индиското минато и [[митологија]], и како Прем Чанд, и [[Мулк Раџ Ананд]] наоѓа свежи извори во секојдневниот живот на селанецот и граѓанинот, во нивните проблеми, борби, во настанувањето на индиската работничка класа, која со индустријализацијата на земјиштето станува се побројна.
 
[[Категорија:Индиска литература]]
 
[[de:Indische Literatur]]
[[en:Indian literature]]
[[fr:Littérature indienne]]