Разлика помеѓу преработките на „Индиска книжевност“

Додадени 6.103 бајти ,  пред 13 години
нема опис на уредувањето
(Ќе довршам друг пат)
 
[[Сутра|Сутрите]] се најкасно создадени и припаѓаат на литературните облици од околу 400 год. п.н.е. [[Упанишади]]те (тајните науки), [[брахман]]ите и [[аријанаки]]те се прозни дела со философско-религиозен карактер.
 
== Среден период ==
 
Овој период од развитокот на старата индиска литература опфаќа најразлични [[еп]]ови. Главни дела се ''[[Махабхарата]]'' и ''[[Рамајана]]'', а покрај нив и делото ''[[Валмики]]''.
 
Темата за Махабхаратата е земена од времето на индиската експанзија од север во централна Индија, додека темата за Рамајана е земена од времето на походот на Цејлон (денешна [[Шри Ланка]]). И двете дела се напишани на [[санскрит]], како и делата наречени [[пурани]], книги со религиозни и историски преданија.
 
Философските системи ги основале [[Махавира]] и [[Буда]], а нивните следбеници ги запишале низ списи на јазикот [[Пали јазик|пали]] и разни други дијалекти.
 
== Златен период ==
 
Златниот период на веќе ''санскритската'' литература е поврзан со династијата [[Гупта]] од [[Канауџ]]. Тогаш особено се негувале [[Драма|драмите]], кои обично се изведувале во дворците на владетелите, со две карактеристични лика: [[Видушака]] и [[Вита]], односно будала и мрза. Писателот [[Судрака]] ја напишал една од најстарите класични драми - ''[[Мркчакатика]]'' (односно ''Глинена количка'', драмата се вика така бидејќи накитот на главната хероина по низа перипетии е најден во детски глинени играчки). Историската драма ''[[Мудриот Ракшаса]]'' (или ''Ракшаса и неговиот прстен'') се случува во дворот на владетелот [[Чандра]] од Гуптите. Најголем дострел од времето на Гуптите на полето на литературата е постигнат во делата на [[Калидасе]], лиричар и драматичар. Од него останале драмите ''[[Љубовта на Маловика и Агни]]'', ''[[Урваси]]'' и ''[[Сакунтала]]'' (''Изгубениот прстен''). Последното дело, Сакунтала, е ремек-дело на кое многу му се восхитувал и [[Јохан Волфганг-Гете|Гете]]. Калидаса ги напишал и еповите за ''[[Семејството Рагу]]'', за ''[[Создавањето на богот на војните]]'', ''[[Облакот на гласниците]]'' и други.
 
Освен драмите на Калидаса, прочуена е и драмата на [[Бхавабхутиј]] ''[[Последна приказна за Рами и ѓерданот]]''. Најдобар претставник на подоцнежниот златен период е [[Џајадева]] (нарекуван и ''Кавираџ'', поетот-кнез), а најдобро му е делото лирската драма ''[[Гитаговинда]]'' (''Песна за кравјиот чопор''), во кој ја слави љубовта на малиот Кришна и млекарката Радхе.
 
Прави историски записи не постоеле во овој период. Поетот [[Бана]] ја испеал ''[[Харшакарита]]'', историска романска за животот на владетелот [[Харша]] (606-647), а во [[12 век|XII]] век од школата за летописци од [[Кашмир]] се истакнува [[Калхан]], писател на историјата за кралевите.
 
Посебен литературен вид, особено негуван во Индија, се [[Басна|басните]] и приказните со морални и религиозни параболи и поуки. Најпознати дела од ваков вид се ''[[Панчатантра]]'' (''Пет поглавја'') и ''[[Хитопадеса]]'' (''Книга со корисни совети''). Од овие зборници, преку класичната [[Грчка литература|грчка]], а подоцна и [[арапска литература]], многу мотиви преминале во приказните на [[Европа|европските]] народи. Констатирано е дека во [[езоп]]овите басни, во средновековниот ''[[Геста романорум]]'', во [[Џовани Бокачо|бокачовиот]] ''[[Декамерон]]'', па се до [[Лафонтен]], [[Браќа Грим|Браќата Грим]] и [[Вук Караџиќ]], одделни мотиви се црпени од Панчатантра.
 
Има многубројни приказни во ''[[Илјада и една ноќ]]'' кои се со потекло од Индија. Многу се значајни и прочуените правни споменици ''[[Дхарма-састра]]'', прописи за церемониите и [[Касти|кастовите]] обичаи, ''[[Мануов законик|Мануовиот законик]]'' и ''[[Артха-састра]]'', кој учи како кралевите треба да управуваат, односно некој вид на индиски [[Макијавели]].
[[Категорија:Историја на литературата]]