Индиска книжевност: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ќе довршам друг пат
(нема разлика)

Преработка од 00:24, 3 јули 2006

Индиската литература се развива на огромниот Индиски Полуостров, односно потконтинент со преку милијарда жители и култури стари илјадници години. На овој полуостров, различните народности зборуваат околу 800 јазици. Од 4 основни групи на јазици, високо е развиена литературата на индоевропските јазици (северна Индија) и на дравидските јазици (југот на Индија и источен Декан), додека помалку значајна е литературата на тибетско-бурманските јазици, додека на мунда-јазиците скоро и да не постои.

Индоевропската индиска литература се дели на неколку периоди од нејзиниот развиток.

Литературата на ведите

Најстарата индиска литература во вид на збирка од химни и различни религиозни записи е напишана на архајски санскрит. Се смета дека овие литературни творби се собирани во X век п.н.е. Збирката од химните и религиозните записи се состои од 4 книги: риг-веди, сама-веди, јаџур-веди и атхарва-веди. Најстари се риг-ведите и се верува дека тие настанале пред хомеровите спевови. Литературата на ведите со векови е пренесувана усмено.

Сутрите се најкасно создадени и припаѓаат на литературните облици од околу 400 год. п.н.е. Упанишадите (тајните науки), брахманите и аријанаките се прозни дела со философско-религиозен карактер.